Честопати трагајќи по работата од соништата стануваме свесни дека не ги поседуваме вештините и квалификациите кои се потребни за истото. Најважно е во тој момент да почнеме со барање каде може да се дообучиме или добиеме знаења и докфалификации со цел да се добие можност за вработување или да го работиме тоа што го сакаме. Пазарот на трудот налага да се приспособуваме во текот на работоспособниот живот и да бараме постојано надградување на сопствените знаења и пракси. Затоа, најдобро е да се биде информиран, во секој момент, каде може да се стекнеме со такви обуки за преквалификација.

Госпоѓа Дијана Зафировска e генерален менаџер на ЦЕС – Центарот за обука и ќе ни даде неколку одговори кои може да ви помогнат во вашето идно професионално усовршување.

 

ФАКУЛТЕТИ.МК: Госпоѓа Дијана Зафировска, како генерален менаџер, како би го претставиле работењето на АКАДЕМИЈА ЦЕС  – Центарот за обука?

ДИЈАНА ЗАФИРОВСКА: Академија Ц.Е.С е лидер во областите на неформалното образование во Македонија, којшто веќе18 години, со голем успех го промовира и развива концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот. Нашето работење го засноваме во 5 области:

Нашето работење го засноваме во 5 области:

  1. Дигитални вештини
  2. Обуки за Занаети
  3. Јазични курсеви
  4. Преведувачки и толкувачки услуги
  5. Професионален и личен развој

Живееме во едно многу динамично општество во кое ако не ги искористиме можностите што произлегуваат од промените, не би можеле да се движиме нанапред. 

Од особена важност е да се препознае мигот кога се потребни стручни усовршувања, обуки и доквалификации во одредена област и како тоа може најдобро да го искористите. Затоа постоиме и секојдневно се трудиме да им излеземе во пресрет на сите оние што сакаат да го надградат своето знаење и да стекнат нови вештини.

Нашата мисија е унапредување на квалитетот на животот на граѓаните преку промоција и реализација на концептот на доживотно учење, креирање и имплементација на иновативни програмски содржини, преквалификации и доквалификации во согласност со потребите на пазарот на трудот.

Нашата визија за севкупното работење е да се изградат капацитети во едно современо општество, вклучено во модернизациските текови, кое поттикнува прогресивни идеи, почитувајќи ја различноста во секоја форма.
Сакаме да креираме општество на функционално писмени граѓани што целосно го прифаќаат концептот на доживотно учење и општество што ги почитува принципите на одржлив развој.

ФАКУЛТЕТИ.МК: Со какви обуки  и конкретни вештини може да се здобијат Вашите клиенти?

ДИЈАНА ЗАФИРОВСКА: Нашите обуки се поделени  на општообразовни и стручни обуки, и  сите се реализираат согласно потребите на пазарот на трудот и потребите на клиентите. Во денешното, современо општество познавањето на компјутерското работење стана императив. Компјутерите влегуваат во нашите домови и на нашите работни места како скапоцена помош во извршување бројни задачи и работи.

Тренинг центар ЦЕС освен што нуди стандардни основни и напредни курсеви за компјутерско работење, нуди и можност за дизајнирање на курсеви прилагодени на потребите на клиентите. Исто така, реализираме и обуки за странски јазици. Сите курсеви за странски јазици, започнуваат со тестирање на кандидатите за почетните знаења на кандидатот, според што се определува нивото и содржината на курсот.Како дел од нашите општообразовни обуки ке ги споменам – Едукации-обуки за професионален и личен развој како најдобро да се продадеш себеси, како да се преставиш кај познат работодавач.  обука за службеник во сметководство,  обука за интернет маркетинг и социјалните мрежи, претприемништво, пишување на проектни апликации, и други општообразовни обуки, скроени според потребите на клиентите или компаниите

Ниту една работа не може денес да се замисли без овие основни вештини за личен и професионален развој . АКАДЕМИЈА Ц.Е.С нуди можност за усовршување на вештини и знаења со што соодветно би се одговорило  на сите сложени барања што ги поставува современото општество.

ФАКУЛТЕТИ.МК: Би сакале да слушнеме повеќе за стручните обуки -занаетите кои се важен сегмент на секое општество

ДИЈАНА ЗАФИРОВСКА:Во рамките на АКАДЕМИЈА ЦЕС, се одржуваат и обуки  за преквалификација на знаењата и вештините во повеќе области и тоа:

  • козметичко-фризерска струка,
  • прехранбена струка,
  • угостителски сектор,
  • градежна струка,
  • текстилна,
  • машинска,
  • трговска итн.,

за профилите:

  • инсталатер на уреди за греење и климатизација,
  • курс за заварувач,
  • курс за надградба на нокти,
  • курс за нега на стари лица,
  • курс за ракувач со виљушкар,
  • курс за монтажа и одржување на лифтови,
  • курс за ракувач со градежни машини

Во рамките на обуките фокусот првенствено е на практичната настава и обука на работно место, истите се изведуваат според верификувани програми од страна на Министерство за образование и наука.

Обуките обучно траат 3 месеци и по успешното завршување на обуката кандидатите добиваат ДРЖАВЕН СЕРТИФИКАТ, со опис на програмата којашто ја следеле и со истиот можат да отворат сопствен дуќан-фирма или да се вработат со соодветното занимање. Денес неможеш да работиш на работно место занимање Фризер, а да немаш соодветна диплома за тоа или Пекар, Слаткар, Виљушкарист и.т.н

ФАКУЛТЕТИ.МК:  Дали во рамките на овие обуки слушателите-невработени лица ќе имаат можност да се стекнат  и со можеби меѓународни искуства и знаења? 

ДИЈАНА ЗАФИРОВСКА: Секако, Со цел да им излеземе во пресерет на сите оние кои имаат потреба од доедукација, Тренинг центарот ЦЕС, веќе неколку години континуирано реализира проекти за невработени лица  финансирани од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата „Еразмус плус“ во стратешко партнерство со учесници од повеќе држави како: Полска, Бугарија, Романија, Италија, Португалија ….. преку кои им овозможуваме на учесниците да учат и се стекнуваат со вештини на интернационално ниво, мобилност и размена на искуства.

ФАКУЛТЕТИ.МК: Може ли малку подетално да ни објасните за какви проекти за невработени млади лица  станува збор и дали тие обуки се бесплатни ?

ДИЈАНА ЗАФИРОВСКА: Дa, се разбира, обуките за невработените лица се бесплатни, младите имаат можност да патуваат во друга држава, да разменат искуства и да се стекнат со нови вештини и знаења

Прв проект реализиран од ваков тип за обука за млади невработени лица за општообразовни обуки беше проектот Проектот „Пат до вработување – развивање нови вештини и знаења за невработените лица“, кој започна во 2014 година, а заврши во 2016, кадешто се обучија  64 млади лица. Овој проект се спроведуваше со партнер организации од Полска, Бугарија и Романија, каде се споведоа серија за обуки и мобилности од сите 3 држави, се разменија искуства, како од домашно така од интернационално ниво. Младите невработени лица се стекнаа со нови вештини и компетенции од областа на кариерниот развој, важноста на интернет маркетингот, имаа можност да научат да пишуваат проектни апликации и да се запознаат со можностите кои ги нудат  европските фондови, се запознаа и со  темите и предизвиците во областа на претприемништвото научија да  да се охрабрат, развиваа сопствени идеи и иницијативи за социјално претприемништво. Младите лица земаа активно учество за идеи и  развој на сопствени бизниси.

Од особена важност е сите овие искуства да ги меморираме и да ги запишеме, не само да ги споделуваме, бидејќи се основата за сé она што ќе следи во иднина. Работиме согласно барањата на пазарот на трудот и барањата на лицата кои бараат вработување. Пазарот на трудот бара континуирани обуки, зајакнување на капацитетите и на ресурсите со кои се работи, како и надградба на вештините со кои се стекнувате во текот на работењето. Затоа сме тука, затоа ја следиме оваа нишка, и се трудиме да бидеме најдобри во она што го работиме. 

ФАКУЛТЕТИ.МК: Дали продолживте со имплементација на проекти и обуки за невработени лица и каков беше  интересот кај невработените лица ?

ДИЈАНА ЗАФИРОВСКА: Дa, продолживме, во тек се два проекта, кои ке ги објаснам подоцна, само да напоменам дека младите невработени лица имаат многу голема потреба од стандардни обуки како и од стручни обуки, но сето тоа кога ке се спои со размена на знаење со други млади лица од други држави добива една друга димензија, отворени видици, можности за размислување, креирање и одважување во остварување на своите соништа,

Како што напоменав во тек се реализираат  два проекти во рамките на програмата „Еразмус плус“

Мрежа на вешти келнери и готвачи (Skilled cooks and waiters network – SCAWNET)

Проектот се реализира како стратешко партнерство со партнери од Италија и Португалија, при што основна идеја е да се подигне статусот на овие две професии (келнери и готвачи) на едно повисоко ново, преку развој на нови програми, курикулуми и рамена на искуства помеѓу земјите учеснички во проектот.

Со цел унапредување на вештините на невработените лица од овие две професии, во рамките на проектот досега беа реализирани две обуки, и тоа една за келнери и една за готвачи. Во рамките на овие обуки учесниците имаа можност да учат од врвни професионалци од областа, но исто така и се стекнаа со вештини преку обуки на работно место.

Обуката за келнери се реализираше во таверните на Фолињо, градче во областа Умбриа, Италија, а обуката за готвачи во едно од најпрестижните училишта за готвачи во Европа, во градот Фатима, Португалија.

Во последна фаза пред завршување е и трета обука во Македонија, со која лицата кои веќе беа вклучени во претходните две обуки работеа на подобрување на својот личен и професионален развој.

Во рамките на проектот досега се изработени и неколку истражувања и изготвени три интелектуални трудови и тоа:

“Анализа за потребите на келнери/готвачи”  и подготвени се водич “Уметност да се биде успешен готвач” и “ Уметност да се биде успешен келнер “, а во тек е изработка и на четврт интелектуален труд, каде ќе бидат сублимирани искуствата од досегашната реализација на проектот и ќе бидат дадени препораки за подобрување на статусот на овие две професии.

 

Во таа насока АКАДЕМИЈА ЦЕС, го реализира и проектот “Семејната писменост функционира”, кој што е исто така дел од програмата Еразмус +. Проектот се реализира во партнерство со уште 5 други организации од Португалија, Романија, Словенија и Бугарија.

Целта на овој проект е зголемување на писменоста и вештините за читање и учење со разбирање не само на учениците и младите кои се вклучени во редовниот образовен процес, но и на останатите членови од семејството. Со заедничко учење кое вклучува повеќе членови од семејството и користење на нови иновативни и интерактивни методи на учење се значително се зголемуваат ефектите во наученото.

За таа намена во рамките на овој проект, двајца фасилитатори за семејна писменост веќе поминаа низ низа на обуки а во тек е и дисеминација и едукација на десет нови фасилитатори, кои ќе работат на подобрување на писменоста со семејствата. Целна група ќе бидат примарно семејства од социјално ранливи групи, кои долгорочно се соочуваат со проблемот на подобрување на образовниот статус.

ФАКУЛТЕТИ.МК: Кому се наменети сите овие стручни обуки и програми за преквалификација?

ДИЈАНА ЗАФИРОВСКА:  Овие обуки се пред се наменети за  невработени лица со цел да најдат работа
вработени кои сакаат да го унапредат своето знаење,  фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени
студенти кои навреме би ги совладале програмите кои ќе ги користат кога ќе се вработат, сите оние кои сакаат да бидат поефективни и попродуктивни во сите сегменти од животот

ФАКУЛТЕТИ:МК: Какви планови имате за блиска иднина, со кои новини планирате да ги запознаете своите постојани слушатели, но и да привлечете нови?

ДИЈАНА ЗАФИРОВСКА Како и досега така и понатаму планираме континуирано да ги следиме потребите на пазарот на труд и да нудиме нови иновативни програми, во согласност со современите трендови, кои ќе им помогнат на младите лица да си го пронајдат патот до работно место. Исто така и понатаму ќе продолжиме да нудиме и обуки кои ќе им овозможат развој во кариерата на оние кои веќе работат на одредени позиции. На компаниите им нудиме можност, користејќи ги нашите услуги да креираат тимови со кои успешно ќе ги остваруваат зацртаните цели.

За нас најголем успех е што често со нашите клиенти кои користеле одреден тип на обуки, доаѓаат и се пријавуваат повторно за нови, за понапредни нивоа и ја продолжуваат својата соработка со  Тренинг центарот ЦЕС.

Каде можат да добијат дополнителни информации во врска со обуките кои ги нуди Тренинг центарот ЦЕС?

Дополнителни информации може да се добијат на нашата веб страна www.ces.mk, на нашиот фејсбук профил https://www.facebook.com/trainingcenterces , како и на контакт телефон 078 339 502