Дел од активностите е и проектот финансиран преку програмата „Еразмус плус“ на Националната агенција за европски образовни програми, чија цел е да се поттикнат иновативноста и креативноста кај невработените лица, да се запознаат со темите и со предизвиците во областа на претприемаштвото и да се охрабрат младите невработени луѓе да развијат сопствени идеи и иницијативи за социјално претприемаштво. Овој проект се спроведува со други партнер- организации од Полска, Бугарија и од Романија и оние што ќе се пријават ќе имаат можност да ги споделат искуствата со искуствата на невработените лица од овие земји.

вторник, 04 октомври 2016
МАРИЛИ: Госпоѓа Дијана Зафировска, како би го претставиле работењето на Центарот за обука CES како генерален менаџер?
ЗАФИРОВСКА: Академија ЦЕС е лидер во областите на неформалното образование во Македонија и со голем успех го промовира и го развива концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и во регионот.
Нашето работење го засноваме во 5 области:
- Дигитални вештини
- Обуки за Занаети
- Јазични курсеви
- Преведувачки и толкувачки услуги
- Професионален и личен развој
Сметаме дека унапредувањето на квалитетот на животот на граѓаните ќе се постигне преку промоција и реализација на концептот на доживотно учење.
Од особена важност е да се препознае мигот кога се потребни доквалификации во одредена област и како тоа може најдобро да го искористите.
Затоа постоиме и секојдневно се трудиме да им излеземе во пресрет на сите оние што сакаат да го надградат своето знаење и да стекнат нови вештини.
Нашата мисија е унапредување на квалитетот на животот на граѓаните преку промоција и реализација на концептот на доживотно учење, креирање и имплементација на иновативни програмски содржини, преквалификации и доквалификации во согласност со потребите на пазарот на трудот.
Нашата визија за севкупното работее е да се изградат капацитети во едно современо општество, вклучено во модернизациските текови, кое поттикнува прогресивни идеи, почитувајќи ја различноста во секоја форма.
Сакаме да креираме општество на функционално писмени граѓани што целосно го прифаќаат концептот на доживотно учење и општество што ги почитува принципите на одржлив развој.
МАРИЛИ: Со какви едукации и конкретни вештини може да се здобијат Вашите клиенти? ДИЈАНА ЗАФИРОВСКА: Кај нас се реализираат повеќе видови обуки во согласност со потребите на пазарот на трудот и потребите на клиентите. Во денешното современо општество познавањето на компјутерското работење стана императив. Компјутерите влегуваат во нашите домови и на нашите работни места како скапоцена помош во извршувањето на многубројни задачи и работи. Со поголемиот развој на нашата земја и нејзиното вклучување во светските текови секојдневно расте потребата од врвни познавачи на компјутерско работење.
Денес не може ниедна работа да се замисли без познавање на Windows, Word и на Excel. Академија ЦЕС нуди можност да се научи сè за компјутерските програми и така соодветно да одговори на сите сложени барања што ги поставува современото општество.
Исто така, имаме курсеви за преквалификација на знаењата и вештините во повеќе области и тоа: козметичко-фризерска струка, прехранбена струка, угостителски сектор, градежна струка, текстилна, машинска, трговска итн., за профилите: инсталатер на уреди за греење и климатизација, курс за заварувач, курс за надградба на нокти, курс за нега на стари лица, за ракувач со виљушкар, курс за монтажа и одржување на лифтови, курс за ракувач со градежни машини и други во делот на машинските струки итн. Ова се курсеви за кои беше покажан голем интерес во изминатиот период, а направени се со цел да им се излезе во пресрет на сите заинтересирани.
МАРИЛИ: Кому му се наменети овие курсеви за обуки и програми за преквалификација?
ЗАФИРОВСКА: Курсот за компјутерски обуки им е наменет на сите возрасти, а особено за:
• невработени лица
• вработени што сакаат да го унапредат своето знаење
• лица со помалку можности
• фирми што сакаат да ги обучат своите вработени
• студенти што навреме би ги совладале програмите што ќе ги користат кога ќе се вработат
• сите оние што сакаат да бидат поефективни и попродуктивни во сите сегменти од животот
МАРИЛИ: Какви планови имате за блиска иднина, со кои новини планирате да ги запознаете своите постојни слушатели, но и да привлечете нови?
ЗАФИРОВСКА: Во следниот период ЦЕС организира обука на многу интересна тема. Станува збор за обука за невработени лица што е предвидена како активност во рамките на проектот „Пат до вработување – развивање нови вештини и знаења за невработените лица“. Во согласност со досега покажаните резултати од проектните активности, како и потребата искажана во изминатите тренинизи и семинари, организиравме обука на тема „Иновации и претприемаштво“ што се одржа во Скопје од 26 септември до 30 септември 2016 година. Обуката е наменета за невработени лица на возраст од 25 до 45 години што имаат потреба или сакаат да го надградат своето знаење во областа на претприемаштвото. Главни критериуми за учество се: лицата да се невработени и да имаат познавање на англиски јазик на ниво Б1/Б2. Заинтересираните може да се пријават така што ќе пратат кратка биографија и мотивационо писмо на англиски јазик на следнава електронска адреса: project.roadtoemployment@gmail.com.
Дополнителни информации може да се добијат на наведената е-адреса или на тел.: 02/3232-510.
Ова е една активност на проектот финансиран преку програмата „Еразмус плус“ на Националната агенција за европски образовни програми, чија цел е да се поттикнат иновативноста и креативноста кај невработените лица, да се запознаат со темите и со предизвиците во областа на претприемаштвото и да се охрабрат младите невработени луѓе да развијат сопствени идеи и иницијативи за социјално претприемаштво. Нашата порака е и малку поактивно да се учествува во развојт на сопствени бизниси.
МАРИЛИ: Дали во рамките на оваа обука слушателите-невработени лица ќе имаат можност да слушнат и други, можеби меѓународни искуства?
ЗАФИРОВСКА: ДА, се разбира. Овој проект се спроведува со други партнер- организации од Полска, Бугарија и од Романија и оние што ќе се пријават ќе имаат можност да ги споделат искуствата со искуствата на невработените лица од овие земји. Од особена важност е сите овие искуства да ги меморираме и да ги запишеме, не само да ги споделуваме бидејќи се основа за сé она што ќе следува во иднина. Работиме во согласност со барањата на пазарот на трудот и барањата на лицата што бараат вработување. Пазарот на трудот изискува континуирани обуки, зајакнување на капацитетите и на ресурсите со кои се работи, како и надградба на вештините со кои се стекнувате во текот на работењето. Затоа сме тука, затоа ја следиме оваа нишка и се трудиме да бидеме најдобри во тоа што го работиме.
Еве уште еднаш, да напоменам, обуките за сите што се заинтересирани се бесплатни и може да се пријават на 02/3232-510 каде што ќе ги добијат сите детали.