На 04.12.2023 година, две претставнички од Академија Ц.Е.С. учествуваа на работилница за: препознавање на компетенции, знаења и вештини на мигранти и лица под меѓународна заштита.

На работилницата учествуваа претставници од повеќе различни организации (МТСП, ЦОВ, ИОМ, АВРСМ, УНДП, Здружение на млади правници, Организација на Црвен крст на град Скопје, Центри за социјална работа и сл), кои имаат своја улога во процесот на интеграција и процедурите за стекнување и валидација на вештини кај мигранти и лица под меѓународна заштита. Целта на настанот беше детално скенирање на тековните состојби, идентификување на пречки со кои се јавуваат при препознавањето на вештини, знаења и компетенции, од страна на сите активни чинители во процесите и барање на решенија за подобрување на состојбата.

Претставниците од Академија Ц.Е.С. дадоа свој придонес во дискусиите, ги споделија активностите кои ги имаат во полето на образование на возрасни и ги презентираа резултатите и активностите од три свои проекти, преку кои даваат придонес во подобрување на состојбите со интeграција на мигранти и лица под меѓународна заштита:

Сите три проекти се финансирани од програмата Еразмус+, на Европската Комисија.