Како да ги одберете правилните вештини за вашиот кариерен развој и напредок?

Образованието и голем дел од професиите за време на пандемијата доживеаа големи трансофрамции во поглед на реализација, потреба и усовршување. Процесот на едукација потребно беше да се приспособи на дигиталниот начин на комуникација. Кај поголем дел од светската популација се зголеми побарувачката за online едукација и унапредување на знаењето користејќи ги дигиталните платформи за едукација.

Од друга страна голем број на професии и компании од различни индустрии во интерес на успешна реализација на професионалните обврски мораа да се дигитализираат, односно да ги дигитализираат своите услуги и комуникација со своите клиенти и потрошувачи. Ваквиот начин на трансформација придонесе за позитивни промени кои соодвествуваа на олеснување на комуникацијата, односот со потрошувачите, намалување на одредени трошоци, поголема продуктивност и ефикасност, но од друга страна придонесе и за потешко приспособување на одреден број поединци кон новите промени, потреба за усовршување на нови вештини потребни за успешна реализација на работните задачи и примена на дигитализацијата во повеќето области на делување.

Еволуцијата на образованите и професиите во сите овие изминати години, вклучувајќи ги и годините поминати во време на пандемија, покажа кои квалификации и вештини се потребни и неопходни за кариерен развој и развој на образованието. Сведоци сме на секојдневни миграции од една кон друга професија, односно зголемена побарувачка за усовршување или стекнување нови вештини за одредени професии. Тоа се најчесто професии од ИТ индустријата и дигиталниот свет. Доколку погледнеме од аспект на најбарани занаети и вештини за успешна работа во занаетчиството тоа се: фризерскиот занает, професионален шминкер, естетичар за нокти, естетичар за депилација, козметичар за нега на лице и тело, професионални готвачи, пекари, слаткари и пица мајстори.

За таа цел Европската комисија 2023 година ја назначила како година на вештините, со цел да ги поттикне иновативноста и конкуретноста, но и вреднување на вештините со кои би се креирал кариерен развој, зголемен потенцијал и знаења кај популацијата.

Стекнувањето на вистинските вештини е од огромна важност за професионалниот развој и успешна работа на еден поединец. Во однос на тоа, најчесто се поставува прашањето како да се одберат вистинските вештини со кои ќе се постигнат посакуваните резултати во одредена професија.

При одредување на потребните вештини, најпрво е важно да се фокусирате на вредноста која ќе ја донесете со вештините кои сте ги стекнале. Важно е да следите што е тоа што на компаниите и поединците им е потребно во рамките на индустријата во која работите и дали со вештините кои ќе ги стекнете ќе можете да одговорите на нивните потреби. Потребно е да ги следите потребите на пазарот во однос на професиите, трендовите во образованието и потребите на публиката.

Покрај следењето на сите трендови, нови професии и пазарни потреби, важно е да си го поставите прашањето – Дали навистина јас уживам во учењето на овие вештини? При учењето и стекнувањето на потребните вештини, потребно е да пристапите со посебно внимание, љубов и посветеност поради тоа што на тој начин сте чекор поблиску до успешно усовршувања на вештините, а потоа и ефикасна реализација на вашите работни задачи и посакувани цели.

Посебно внимание треба да се посвети на прашањето – Дали овие вештини можам сам/а да ги стекнам/научам или ќе ми биде потребна помош? Одредени вештини може да се научат самостојно. Меѓутоа постојат вештини за кои е потребна помош, комунуикација и поддршка од страна на стручно лице, ментор кој ќе ви помогне во добивање на потребното знаење за успешно усовршување и стекнување на одредени вештини. За таа цел од голема важност е да се оствари комуникација со стручни институции и лица кои ќе ви помогнат во процесот на добивање знаење и нови вештини од соодветната област.

Тимот врвни едукатори на ЦЕС Академија е секогаш тука за вас да споделува знаења и да ви помогне во стекнување нови вештини со кои ќе бидете конкуретни на пазарот на труд и успешни во својата кариера.

Патот до успехот не е едноставен, бара многу труд, посветеност, желба, редовна едукација и усовршување. Тој пат често нема да биде рамен, но вреди да се започне со чекорење по истиот. Верувајте во себе, во сопствените можности и работете ја професијата која ве исполнува.