На 30 Ноември 2020, преку зум платформата, беше одржан третиот координативен состанок, помеѓу партнерите во проектот „Со добра храна до добро расположение! “. Целта на состанокот беше да се интензивира комуникацијата со партнерите од Италија и Португалија, со кои во сложени околности причинети од светската пандемија Ковид 19, се реализраат проектните активности.​​ 

Во рамките на проектот, активно се работи на истражувањата и препораките за подообрување на стандардите за профилите готвач и келнер и се подготвуваат материјали за обука за овие два профила. Дополнително, договорено беше претходно изготвените меѓународни програми за обука на келнери и готвачи да бидат збогатени со нови модули за онлајн обуки, со што ќе бидат прилагодени на новите околности за учење.​​ 

На состанокот исто така, се сумираа резултатите од претходно реализираните активности и се воспоставија дополнителни механизми за следење на квалитетот на реализација на проектните активности.​​