АКАДЕМИЈА Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование, центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства и вештини.
За таа цел АКАДЕМИЈА Ц.Е.С. Ве поканува на онлајн обука на тема:
ПРИМЕНА НА ЗАКОН ЗА УПРАВНИ СПОРОВИ И ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИ, ПРАВНА ЗАШТИТА ВО УПРАВЕН СПОР
Обуката ке се одржи ОНЛИНЕ на ден 24.08.2020
- ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА ОБУКА?
Обуката е наменета за директори, правници, вработени во секторот за човечки ресурси и сите заинтересирани за оваа проблематика , предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса како и за сите останати заинтересирани лица. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.
- ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА
– ПРАВНА ЗАШТИТА ВО УПРАВЕН СПОР
- Стапување во сила и примена на одредбите од новиот закон за Закон за управни спорови
- Судска заштита двостепеност на управниот спор
- Активна легитимација
- Времени мерки
- Постапка за извршување на правосилна судска пресуда
-НАСОКИ ЗА ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОН ЗА УПРАВНИ СПОРОВИ СОГЛАСНО МАТЕРИЈАЛНОТО ПРАВО
- Најчести пропусти во текот на управна постапка и насоки за нивно надминување
- Практична примена на јавна расправа согласно материјалното право
- Тек на расправата, сослушување на странки и сведоци, докажување, вештачење
- Мериторно одлучување во управен спор
- Правна заштита во управен спор
- Институт парично казнување
- Ефикасноста на управен спор
- Одлуките на Управен суд на Република Северна Македонија
- Воедначена судкса пракса
– ИСКУСТВА ОД ПРИМЕНА ЗА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ НИЗ ПРИЗМА НА РАБОТАТА НА ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД
- Последните измени и дополнувања од Законот за работните односи од аспект на Државниот инспекторат на труд и насоки за нивно надминување
- Практичен осврт на прекршочна постапка
- Тек на прекршочна постапка и одмерување глоби
- Најчести пропусти утврдени од Државниот инспекторат на труд и насоки за нивно порамнување
- Обврски на инспекторот на труд при вршење на надзор ( заштита на право на исплата на плата, придонеси, остуство од работа поради спреченост за работа поради болест или бременост, раќање и мајчинство, заштита на работни со скратено работно време поради болест на дете)
- Видови на инспециски надзор
- Примена на законот за работни односи и Закон за прекршоци при надзор и конторола
-НАСОКИ ЗА АДЕКВАТНА ПРИМЕНА НА ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР
- Организација на инспекциските служби
- Улогата на инспекцискиот совет
- Дискусија
-ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИ
- Најчести пропусти во текот на прекршочна постапка и насоки за нивно надмнувување
- Пропусти сторени при надзор и контрола на инспекциски органи
- Одземање на предмети
- Ефикасноста на прекршочна постапка
- Одлуките на Уставен суд на Република Северна Македонија
- Воедначена судкса пракса
Предавач-експерт со долгогодишно практично искуство во областа:
- Д-р Едита Насковска – судија на Управен суд на Република Македонија – предавач со долгогодишно работно практично искуство во областа
Во прилог Ви доставуваме:
За пријавување на учество во оваа обука потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот .
Краен рок на доставување на пријавите е 17.08.2020
Поради ограничениот број на учесници на обуката Ве молиме за навремена достава на пријавите
Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.
Контакт лице
- АКАДЕМИЈА ЦЕС
- тел./факс ++389 2 32- 32- 510
- моб.075-225-526
- моб. 078-339-502
- веб сајт https://www.ces.mk
- е-маил trainingcenterces@gmail.com