Од 18 до 20 декември 2016, Претставници од проектниот тим на Тренинг центар ЦЕС, учествуваа на првиот транснационален состанок, во рамките на проектот „Семејната писменост функционира!“
Од 18 до 20 декември 2016, претставници од проектниот тим на Тренинг центар ЦЕС, учествуваа на првиот транснационален состанок, во рамките на проектот „Семејната писменост функционира!“ . Домаќини на состанокот беа партнерите од Клуж, Романија а учествуваа десетина учесници од повеќе европски држави, партнери во проектот. На состанокот беа дадени главните насоки за реализација на проектните активности, определена беше проектната документација и јасно поставени задачите и одговорностите во рамките на проектниот тим.
Во реализацијата на овој проект, покрај Тренинг центар ЦЕС, учествуваат и две библиотеки и тоа од Романија и Словенија, тренинг центар од Бугарија, државен образовен центар со своја библиотека од Португалија и една граѓанска организација од Романија, која воедно е и координатор на проектот.
Се работи за проект од програмата Еразмус+, образование на возрасни лица, кој што има за цел да влијае на поттикнување на читањето, усвојување на кодекси на однесување во семејството каде членовите од сите возрасни групи си помагаат со поинаков пристап да ги подигнат нивоата на писменост и знаење.