Во периодот од 29 до 31 јануари 2015 година, во Лублин Полска, се одржа првиот координативен состанок помеѓу партнерите на проектот „Пат до вработување“
Во периодот од 29 до 31 јануари 2015 година, во Лублин Полска, се одржа првиот координативен состанок помеѓу партнерите на проектот „Пат до вработување - Развивање на нови вештини и знаењa на невработените лица“. Овој проект се реализира како меѓународно партнерство, за подигнување на компетенциите на возрасните невработени лица, поддржан од програмата Еразмус+, образование на возрасни лица.
Целта на состанокот беше да се воспостават иницијалните механизми за добро управување со проектот, дефинирање на проектното партнерство помеѓу организациите кои учествуваат во имплементацијата на активностите, како и определување на динамика за реализација и инструменти за следење на успешноста на проектот.
Тренинг центар ЦЕС кој е координатор на овој проект, го реализира во партнерство со уште три други организации од три европски земји и тоа: Синтеа- Полска, Теза- Бугарија и Алерон Романија. Во рамките на овој проект, предвидени се серија обуки за невработени лица од сите четири земји учеснички во проектот и тоа со следните модули:
Дигитални вештини-Дигитален маркетинг
Личен и професионален развој,
Подготовка на проектни апликации,
Иновации и стекнување на вештини за претприемништво
Со ова значително ќе се подигнат компетенциите на лицата кои бараат работа и ќе им дадат можност полесно да најдат вработување или самите да започнат со свој бизнис.