Од 13 до 14 јули 2018 година, во Скопје, Тренинг центарот ЦЕС беше домаќин на четвртиот координативен состанок на партнерите од проектот “Семејната писменост функционира! “. Целта на состанокот беше анализа на имплементарните проектни активности и подготовка на активностите за пилотирање на наставната програма за обука на фасилитатор за семејна писменост.
Тренинг центарот ЦЕС, заедно со партнерите од Романија, Португалија, Словенија и Бугарија, во изминатите неколку месеци, активно изработуваа програма за обука на фасилитатори за семејна писменост. Програмата за обука и сите нејзини модули, се изготвуваа според строго утврдена методологија, стандардизирана според условите за акредитација и прилагодена на околностите во секоја од земјите учеснички во проектот.
Со обуката за фасилитатори за семејна писменост, ќе се обучуваат лица, активни во библиотеки и тренинг центри кои се занимаваат со едукација на возрасни лица, кои понатаму ќе можат да дадат поддршка во зајакнување на компетенциите на членовите на семејствата, корисници на услугите на овие институции.
Проектот е поддржан од програмата Еразмус+.