Во рамките на проектот „Семејната писменост функционира! “, во Банско, Бугарија, во периодот од 20 до 21 октомври, беше одржан третиот координативен состанок помеѓу партнерите.

 

Во рамките на проектот „Семејната писменост функционира! “, во Банско, Бугарија, во периодот од 20 до 21 октомври, беше одржан третиот координативен состанок помеѓу партнерите. Целта на состанокот беше со организациите од​​ Романија, Бугарија и Словенија, кои се партнери во овој проект, да се следи динамиката на реализација на проектните активности.​​ 

Откако беше определен профилот на фасилитатор за семејна писменост, овој состанок се одржа во пресрет на подготовка на програмата за обука на фасилитатори за семејна писменост. Претставниците на организациите, вклучени во реализацијата на овој проект, дискутираа за потребните компетенции на фасилаторите, кои преку локалните библиотеки и тренинг центри, ќе имаат за задача да работат со семејства, особено со оние со помалку можности и пониско ниво на писменост, да ги подржат за учење и описменување.​​ 

На состанокот, партнерите ја усогласија методологијата за подготовка на програмата за обука и ги дефинираа задачите и одговорностите на секоја од организациите учеснички во овој проект.

Покрај Тренинг центарот ЦЕС, во реализацијата на овој проект учествуваат ​​ и две библиотеки и тоа од Романија и Словенија, тренинг центар од Бугарија, државен образовен центар со своја библиотека од Португалија и една граѓанска организација од Романија, која воедно е и координатор на проектот.