Во рамките на проектот „Со добра храна до добро расположение!“ на 7 Мај 2020 (онлајн), Тренинг центарот ЦЕС го одржа вториот координативен состанок со партнерите од Италија и Португалија. Целта на состанокот беше сумирање на имплементираните активности, анализа на влијанието на глобалната пандемија Ковид19 и определување на нова динамика за реализација на проектните активности.
Учесниците на состанокот констатираа дека дел од проектните активности доцнат со реализација, како последица на Ковид 19, но изразија задоволство од соработката и меѓусебната комуникација во рамките на партнерството. И покрај вонредните околности, споделена беше силна иницијатива за успешна реализација на проектот. Усвоен беше нов план и динамика на реализација на проектните активности, со кој што во следниот период ќе се интензираат канцелариските истражувања и подготовката на наставните материјали, а ќе се направи одредено одложување на активностите поврзани со патувања и физичко присуство.
Ваквиот пристап се очекува да ги подобри ефектите во подигнување на стандардите за профилите готвач и пекар.