Во периодот од 5 до 6 Мај 2017, во Крањ, Словенија се одржа и вториот координативен состанок помеѓу партнерите на проектот „Семејната писменост функционира!“.
Во периодот од 5 до 6 Мај 2017, во Крањ, Словенија се одржа и вториот координативен состанок помеѓу партнерите на проектот „Семејната писменост функционира!“. Целта на состанокот беше евалуација на претходно реализираните активности, сумирање на резултатите од компаративната анализа за состојбите со семејната писменост, која што се изготвуваше напоредно во четири европски држави (Македонија, Романија, Бугарија и Словенија), дефинирање на профил на фасилитатор за семејна писменост и негови компетенции, како и разработка на план за следни активности.
Претставниците на партнерскиот конзорциум изразија задоволство од нивото на досегашната соработка по однос на реализацијата на целите на проектот, ја усогласија методологијата за определување на профилот на профил на фасилитатор за семејна писменост и ги дефинираа идните чекори за спроведување на проектот.
На состанокот учествуваа 10 претставници од 5 организации од 4 европски држави, учеснички во реализацијата на овој проект.