Во периодот од 6 до 7 октомври 2017, во Фолињо, Италија беше одржан вториот транснационален состанок од проектот „Мрежа на вешти келнери и готвачи-SCAWNET“
Во периодот од 6 до 7 октомври 2017, во Фолињо, Италија беше одржан вториот транснационален состанок од проектот „Мрежа на вешти келнери и готвачи-SCAWNET“. Целта на состанокот беше на средината од имплементацијата на ова двегодишно партнерство на Трениг Центарот ЦЕС, со организациите од Италија и Португалија, да се сумираат резултатите од досегашното спроведување на проектот и да се договорат идните чекори за соработка, со цел успешна реализација на истиот.
На состанокот беа споделени искуства од претходните истражувања во однос на подготовката на водичот за келнери и дефинирана беше методологијата за подготовка на водичот за готвачи. Оценето беше дека, компаративната анализа која што претходно се спроведе во трите земји учеснички на проектот, даде одлична база за понатамошната реализација на активностите. За успешна беше оценета и првата од трите обуки кои се планирани да се реализираат во рамките на овој проект.
Се очекува дека по конечната имплементација на овој проект, значително ќе се влијае на подигнување на компетенциите на профилите келнер и готвач, професии кои се побарувани на пазарот на трудот и за кои постои голема потреба од зајакнување на стручните вештини.