На 28 Декември 2016, во Скопје, Тренинг центарот ЦЕС ја организираше Завршната конференција од проектот „Пат до вработување - Развивање на нови вештини и знаењa на невработените лица“
На 28 Декември 2016, во Скопје, Тренинг центарот ЦЕС ја организираше завршната конференција од проектот „Пат до вработување - Развивање на нови вештини и знаењa на невработените лица“. Целта на овој настан, беше да се претстават резултатите постигнати при спроведувањето на проектот.
Конференцијата ја отвори г-ѓа Дијана Зафировска, генерален менаџер на Тренинг центарот ЦЕС, која ги презентираше прирачниците кои беа изготвени во рамките на проектот и даде краток опис на обуките кои беа реализирани при спроведувањето на ова двегодишно партнерство.
Во рамките на проектот беа обучени и сертифицирани 64 невработени лица и тоа со модули и по според посебно дизајнирани наставни програми за:
Дигитални вештини-Дигитален маркетинг
Личен и професионален развој,
Подготовка на проектни апликации,
Иновации и стекнување на вештини за претприемништво
Проектот се реализираше во партнерство со Синтеа- Полска, Теза- Бугарија и Алерон Романија. Истиот е поддржан од програмата Еразмус+.
На конференцијата присуствуваа претставници од Биро за развој на образованието, Национална агенција за европски програми и мобилности, Центар за образование на возрасните, Центар за стручно образование и обука, Министерство за образование, како и останати долгогодишни соработници на Тренинг центар ЦЕС.