Во периодот од 15.12.2016 до 16.12 2016 се одржа првиот транснационален состанок помеѓу партнерите во рамките на проектот „Мрежа на вешти келнери и готвачи-SCAWNET“
Во рамките на проектот „Мрежа на вешти келнери и готвачи-SCAWNET“, на 15 и 16 декември 2016 година се одржа првиот транснационален состанок помеѓу партнерите. Целта на состанокот беше координација на проектните активности. Во рамките на истиот беа дефинирани проектните активности, нивната динамика на реализација, задачите и одговорностите на лицата вклучени во реализацијата на проектот, проектната документација, формите и начините на известување, механизмите за следење на реализацијата на проектот и сл. Исто така, на овој состанок беа усвоени планот за дисеминација, како и планот за мониторинг на актвностите.
Проектот SCAWNET се реализира во рамките на програмата Еразмус+, како проектно партнерство помеѓу три организации и тоа Тренинг центар ЦЕС, кој воедно е и координатор на проектот, Егина- Италија, кој е реномиран центар за обуки од Италија и еден од најпрестижните центри за обука на готвачи во Европа, Исињаре-Португалија. Целта на проектот е да се подобрат стручните компетенции на лицата активни во угостителскиот сектор.