АКАДЕМИЈА Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование, центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства и вештини.
За таа цел АКАДЕМИЈА Ц.Е.С. ве поканува на онлајн обука на тема:
БИЗНИС АНАЛИЗА ВО ЕКСЕЛ
на ден 29.09.2020
*Постои можност обуката да се одржи со физичко присуство*
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА ОБУКА?
Обуката е наменета за вработени, членови на проектни тимови со цел преку стекнатото знаење да станат попродуктивни и да го забрзаат унапредувањето. Претприемачи, искусни менаџери и раководители на тимови со цел да ги комплетираат и осовременат своите вештини. Лица на кои секојдневните обврски им налагаат работа со компјутер и ексел. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.
- ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА
МОДУЛ 1
- Развој на ефикасни и ефективни решенија во Microsoft Excel
- Што претставува Microsoft Excel?
- Структура на Microsoft Excel
- Кратенки за поефикасно и побрзо извршување на функциите
- Како да креираш работна површина за анализа на податоци
- Форматирање на броеви и текст
- Дизајн за подобро прикажување на податоците
- Подесување на страна за печатење
- Формули, типови на формули, елементи во формули и функции
- Вовед во агрегатни, текстуални, логички, формули за пребаруање и низи
- Валидација на податоци
- Релативни, апсолутни и комбинирани референции на ќелии
- Номенклатура на табели и ќелии
- Интеракција помеѓу работни листови и работни документи
- Сортирање, филтри и пивот табели
МОДУЛ 2
- Агрегатни и нумерички формули
- Формули со низи
- Логички формули
- Текстуални формули
- Формули со датуми
- Формули за пребарување
- Напредно сортирање и напреден филтер на податоци
- Условно форматирање
- Алатка за внесување на податоци
- Распоредување на податоци по колони (Text to column)
- Визуелизација на податоци (графикони)
- Заштита на ќелии, работни листови и документи
- Цел и придобивки:
- Поефикасно управување со податоците кои се генерираат при работењето
- Независност во креирањето извештаии и калкулации прилагодени на вашите потреби
- Зголемена ефикасност и заштеда на време при таскови
- Интерен know-how и можност за пренесување на знаење во рамки на комапнијата
Оваа обука објаснува техники во Excel,кои вработените ги користат во Excel и до 8 часа на ден. Од друга страна, само 1% од вработените во една компанија имале било каков вид на обука за работа во Excel. Оваа обука објаснува напредни техники во Excel, со практични примери од пракса .
Напомена: За одржување на наставата потребно е секој слушател да има сопствен персонален компјутер со инсталиран Ексел минимум 2010 ( доколку не сте во можност тоа да го направите нашите програмери ке го инсталираат програмот)
Предавач-експерт со долгогодишно практично искуство во областа: Проф. Д-р Марјан Стевановски
Во прилог Ви доставуваме:
За пријавување на учество во оваа обука потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот .
Краен рок на доставување на пријавите е 24.09.2020
Поради ограничениот број на учесници на обуката Ве молиме за навремена достава на пријавите
Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.
Контакт
АКАДЕМИЈА ЦЕС
тел./факс ++389 2 32- 32- 510
моб.075-225-526
моб. 078-339-502
веб сајт https://www.ces.mk
е-маил trainingcenterces@gmail.com