На 27 август 2018 се одржа​​ ФИНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА за ​​ ПРОЕКТОТ – Мрежа на вешти келнери и готвачи​​ 

(Skilled cooks and waiters network - SCAWNET)

 

На 27 август 2018, како завршен настан на успешната реализација на проектот Мрежа на​​ вешти​​ келнери и готвачи (Skilled cooks and waiters network - SCAWNET), беше одржана финална конференција во ЕУ инфо центарот во Скопје.​​ 

Проектот​​ SCAWNET​​ е двегодишно стратегиско партнерство во стручно образовабие и обука, кој се реализираше во рамките на програмата на ЕУ Еразмус+.​​ 

Конференцијата ја отвори г-ѓа Дијана Зафировска, генерален менаџер на Тренинг центарот ЦЕС, на истата претставени беа резултатите од повеќегодишните истражувања, како и прирачниците за келнери и готвачи. Свое обраќање имаа и претставниците од​​ Исињаре-училиште за готвење од Португалија, кое што заедно со​​ Егина- Италија, беше партнер на Тренинг центарот ЦЕС, во спроведувањето на проектот.​​ 

На крај презентирани беа и неколку видеа од трите серии на обуки кои се спроведоа во рамките на проектот:​​ 

  • 30 келнери, од сите три земји учеснички во проектот имаа можност да се обучуваат во​​ таверните на Фолињо, градче во областа Умбриа, Италија,​​ 

  • 30 готвачи од Македонија, Италија и Португалија имаа можност да следат обука обуката за готвачи во едно од​​ најпрестижните училишта за готвачи во Европа, во градот Фатима, Португалија и​​ 

  • 30 готвачи и келнери имаа можност да се обучуваат за меки вештини за вработување во Скопје, Македонија.​​ 

Конференцијата ја следеа претставници од повеќе релевантни институции во​​ Македонија, експерти готвачи од Македонија и Португалија, соработници на Тренинг центарот ЦЕС, како и други засегнати страни од резултатите на проектот.​​ 

 

C:\Users\Dijana\Desktop\dijana\20180905_113936.jpg