АКАДЕМИЈА Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства и вештини.

За таа цел АКАДЕМИЈА Ц.Е.С. ве поканува на онлајн обука на тема:

Исплата на надоместоци, Даночен третман на донации во добра, услуги и финансиски средства, Поништување на Уредби, Евидентирање на набавена и донирана медицинска опрема , Продажба, размена и давање под закуп на ствари во државна сопственост и во општинска сопственост за време на пандемија

која ќе се одржи онлајн  на ден 25.09.2020

*Постои можност обуката да се одржи со физичко присуство*

  • ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА ОБУКА?

Обуката е наменета за лицата вработени во сектор финансии и сметководство од сите државни институции, како и за сите останати заинтересирани лица. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

 

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

  1. Исплата на надоместоци за време на пандемија KOVID 19 и даночен третман на истите:
  2. Исплата на додатоци и надоместоци на плата на вработените во јавен сектор
  3. Решение и Одлука на Уставен суд на РСМ со кои се укинува ограничувањето на правото на исплата на паричните паушали и надоместоци на одредени именувани лица во надлежните органи
  4. Заклучок од 32-та седница на Владата на РСМ со кое се оспорува правото за исплата на регрес за годишен одмор
  5. Даночен третман на исплатените надоместоци
  6. Заклучоци

 

  1. Даночен третман на донации во добра, услуги и финансиски средства дадени на буџетските корисници за поддршка во борбата против коронавирусот KOVID 19:
  2. Уредба со законска сила за примена на Законот на ДДВ за време на вонредна состојба
  3. Начин на остварување на ослободување од оданочување со ДДВ при:
  4. Промет на добра или давање на услуги
  5. Исплата на финансиски средства
  6. Уредба со законска сила за примена на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности за време на вонредна состојба
  7. Кои се даночните поттикнувања ?
  8. Која е обврската на буџетските корисници ?
  9. Спроведување на постапка на другите донации кои не се поврзани со борбата против коронавирусот

 

  1. Поништување на Уредби донесени во време на пандемија KOVID 19 поврзани со работењето на државните органи, ЕЛС, јавните претпријатија

 

  1. Евидентирање на набавена и донирана медицинска опрема во деловните книги кај јавните здравствени организации:
  2. Воспоставување на евиденција на медицинската опрема
  3. Донирана медицинска опрема
  4. Евидентирање на набавена опрема во сметководствената евиденција
  5. Евидентирање на донирана медицинска опрема

 

  1. Продажба, размена и давање под закуп на ствари во државна сопственост и во општинска сопственост:
  2. Набавка на ствари
  3. Престанок и давање на користење на ствари
  4. Продажба на ствари
  5. Размена на ствари
  6. Давање во закуп на недвижни ствари

 

Предавачи-експерти со долгогодишно практично искуство во областа:

                Г-дин Бранислав Гулев, Советник за унапредување на ревизијата во Државен завод за ревизија

По завршување на обуката АКАДЕМИЈА ЦЕС Ви овозможува  консалтинг услуга која ќе Ви помогне слободно да ни  се обратите  за секое прашање или дилема поврзано  со темата, а нашиот предавач ќе помогне во решавање на истото. Прашањата треба да бидат  адресирани на меил адресата trainingcenterces@gmail.com

Во прилог Ви доставуваме:

За пријавување на учество во оваа обука потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот .

 

.

Краен рок на доставување на пријавите е 21.09.2020

Поради ограничениот број на учесници на обуката Ве молиме  за навремена достава на пријавите

 

Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

 

 

 

Контакт

АКАДЕМИЈА ЦЕС

тел./факс ++389 2 32- 32- 510

моб.075-225-526

моб. 078-339-502

веб сајт https://www.ces.mk

е-маил trainingcenterces@gmail.com