ПОКАНА ЗА ONLINE ИНТЕРАКТИВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА:

“Изготвување на завршна сметка за 2020 година кај буџетите, буџетските корисници, единките корисници, јавните установи, јавните здравствени установи и јавните претпријатија”

29.01.2021 ONLINE-GOOGLE Meeting

Работилницата е наменета за раководители на единицата за финансиски прашања, внатрешни ревизори, директори, сметководители и одговорни лица. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

Главни теми на работилницата ќе бидат:

  • Усогласување на сметководствената со фактичката состојба на средствата и обврските/ основа за презентирање на веродостојни и точни податоци во финансиските извештаи:
    • Споредување на сметководствената со фактичката состојба и нивно усогласување;
    • Разлики констатирани со пописот и спроведување на констатираните разлики во сметководствената евиденција/деловните книги;
    • Изготвување извештај за извршениот попис на средствата и обврските и давање на предлози за начинот на постапување;
    • Донесување на акт за усвојување на извештајот за извршениот попис и мерки/насоки за начинот на постапување;
    • Доставување на: извештајот за извршениот попис, пописните листи и актот за усогласување на сметководствената со фактичката состојба (утврдена со попис) до одговорните за водење на деловните книги;
    • Примена на сметководствени начела при спроведување на пописот;
    • Практични примери за усогласување на сметководствена и фактичка состојба.
  • Пресметка на амортизација и ревалоризација:
    • Основица за пресметка;
    • Пропишани стапки;
    • Период на започнување на пресметка;
    • Уредба за пресметка на амортизација кај трговските друштва и јавни претпријатија;
    • Обрасци за пресметка на ревалоризацијата,
    • Сметководствено евидентирање на амортизацијата и ревалоризацијата кај двата сметководствена система,
    • Начин на коригирање на сметководствени грешки;
    • Признавање на целосна амортизација на преостанатата сегашна вредност.
  • Признавање на расходите согласно одобрениот буџет, Законот за извршување на буџетот на Република Македонија за 2020 година и Одлуките за извршување на буџетите на ЕЛС за 2020 година:
    • Право на исплата на надоместоци;
    • Користење на средства за репрезентација (заклучоци донесени од надлежни органи);
    • Патни и дневни трошоци;
  • Даночен третман на надоместоци на органите на управување, користење на службени возила и животно осигурување;
  • Исплата на надоместоци за време на пандемија;
  • Трошоци во врска со пандемијата.
  • Проценување на билансни позиции:
    • Сметководствени принципи и начела за постојани средства;
    • Даночен аспект на извршена проценка на основни средства и на неамортизираната вредност,
    • Примена на Законот за користење и располагање на стварите во општинска сопственост во делот на набавка, продажба, размена и давање под закуп.
    • Вреднување, мерење и сметководствено евидентирање на залихи:
      • Воспоставување на материјална евиденција,
      • Примена методи за проценување на залихи;
    • Отпис на побарувања и евидентирање на обврски:
      • Попис на побарувања и обврски,
      • Даночен третман на отпишани побарувања од физички лица.
    • Новини во даночниот систем:
      • Законот за данокот на додадена вредност,
      • Закон за данокот на личен доход,
      • Закон на данокот на добивка,
    • Даночен третман на донации за поддршка на коронавирусот:
      • Начин на остварување на ослободување од оданочување со данок на додадена вредност при прометот на добра или давање на услуги,
      • Начин на остварување на ослободување од оданочување со данок на додадена вредност при исплата на финансиски средства,
      • Кои се даночните поттикнувања,
      • Која е обврската на буџетскиот корисник,
      • Спроведување на постапка за другите донации кои не се поврзани со борбата против коронавирусот.

Цел на обуката

            Главна цел на оваa обука е да се опфати пописот на средства и обврски, законот, фазите, роковите, залихите, извештаите, амортизација кај буџетските корисници согласно законската регулатива и ревалоризација, корегирањето на сметководствените грешки како цели и примена на законот за финансиска дисциплина

Обуката ке се реализира  од страна на експерт– предавач  докажан во својата од својата област со долгогодишно работно искуство: 

  • Г-дин Бранислав Гулев – Предавач со долгогодишно искуство, вработен во Државниот завод за ревизија на Р.Македонија
За работилницата се пријавувате по електронски пат со пополнување на пријава за учество, најдоцна до  26.01.2021  и враќање на истата на e- меил  trainingcenterces@gmail.com

1. Котизација за обуката по лице ………………. 4.700,00 денари + 18% ДДВ

2.  Котизација за втор учесник  од иста институција…………….. ..  4.000,00 денари +18% ДДВ

ü  Уплатата се врши на  сметка на АКАДЕМИЈА Ц.Е.С. ДООЕЛ СКОПЈЕ бр. 270054479500867

депонент на Халк банка, со назнака – Котизација за обука  за Завршна сметка 2020, уплатата се врши  по добиена фактура.

За сите дополнителни информации во врска со работилницата слободно контактирајте не’

Академија Ц.Е.С.

тел./факс ++389 32- 32- 510

моб. 078-339-502, 075 225 539, 075 209 278