АКАДЕМИЈА Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование, центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, вештини.
За таа цел АКАДЕМИЈА Ц.Е.С. ве поканува на онлајн обука на тема:
Начин на спроведување на постапките поврзани со пандемијата на Covid-19 и обврските кои произлегуваат од истата поврзани со ЕСЈН
која ќе се одржи на ден 11.09.2020
*Постои можност обуката да се одржи со физичко присуство*
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА ОБУКА?
- Обуката е наменета за договорни органи, за нивните одговорни лица и лица што работат во сектор за јавни набавки, како и за сите останати заинтересирани лица. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.
ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА
- Начини на вршење на набавки под вредносни прагови (до 1000 евра)
- евиденција на набавките под утврдените законски прагови и начин на нивно објавување на ЕСЈН
- надлежности на лицето/организацискиот облик при пополнување на кварталните евиденции, известувањата за склучен договор, измени на договорот и пополнување на известување за реализиран договор
- Видови постапки за јавни набавки и начин на нивно спроведување
- набавка од мала вредност
- поедноставена отворена постапка
- отворена постапка
- ограничена постапка
- конкурентна постапка со преговарање
- конкурентен дијалог;
- партнерство за иновации;
- постапка со преговарање без објавување оглас и
- постапка со преговарање со објавување оглас
- Користење на критериумот економски најповолна понуда (задолжително за одредени предмети на набавка)
- Преведувачки услуги
- Услуги за изработка на софтверски решенија
- Систематски прегледи
- Останати услуги утврдени со посебни акти и регулирани цени
- Услови за утврдување на способност – начин на нивно утврдување во постапките за јавни набавки
- Причини за исклучување од постапката
- Способност за вршење професионална дејност
- Економско и финансиска состојба
- Техничка и професионална способност
- Стандарди за квалитет
- Стандарди за животна средина
- Правна заштита
- принцип на е-жалба
- начин на доставување на одговор на жалба
- битни повреди на законот
- одлучување на ДКЖЈН во жалбена постапка
Обуката ќе се реализира од страна на сертифициран обучувач за јавни набавки со долгогодишно работно практично искуство од областа, експерт и советник за јавни набавки – Александар Блажевски
Во прилог Ви доставуваме:
За пријавување на учество во оваа обука потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот .
Краен рок на доставување на пријавите е 05.09.2020
Поради ограничениот број на учесници на обуката Ве молиме за навремена достава на пријавите
Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.
Контакт
АКАДЕМИЈА ЦЕС
тел./факс ++389 2 32- 32- 510
моб.075-225-526
моб. 078-339-502
веб сајт https://ces.mk
е-маил trainingcenterces@gmail.com