АКАДЕМИЈА ЦЕС веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства и вештини.

За таа цел АКАДЕМИЈА Ц.Е.С. ве поканува на обука на тема:

која ќе се одржи во просториите на АКАДЕМИЈА ЦЕС  на ден 05.11.2020

Новиот Закон за управни спорови

  • ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА ОБУКА?

Обуката е наменета за директори, правници, вработени во секторот за човечки ресурси и сите заинтересирани за оваа проблематика , предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса како и за сите останати заинтересирани лица. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

 

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

  1. Концепт на Законот на управен спор

             Тема. 1 Насоки за адекватна примена на  новиот Закон за управни спорови –

  • Управна постапка и  управен спор
  • Организација на управното судство
  • Организација на јавните органи
  • Споредба на законски одредби од стариот и новиот Закон за управни спорови
  • Заклучоци за слабостите на Законот за управни спорови
  • Анализа на новите законски решенија во Законот за управни спорови

Тема. 2 ПРОЦЕСНИ ДЕЈСТВИЈА ВО УПРАВНА  ПОСТАПКА

  • Примена на начела од Закон за општа управна постапка
  • Поднесување на барање или постапување по службена должност
  • Известување
  • Утврдување на фактичика состојба
  • Изготвување на првостепено решение, увод , диспозитив и образложение
  • Правни лекови
  • двостепеност на управна постапка
  • Конечно решение

Тема 3- ПРАВНА ЗАШТИТА ВО УПРАВЕН СПОР

  • Стапување во сила и примена на одредбите од новиот закон за Закон за управни спорови
  • Судска заштита двостепеност на управниот спор
  • Активна легитимација
  • Времени мерки
  • Постапка за извршување на правосилна судска пресуда
  1. Практичен осврт на управен спор

 

Тема 4- НАСОКИ ЗА ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОН ЗА ЗАКОН ЗА УПРАВНИ СПОРОВИ  СОГЛАСНО МАТЕРИЈАЛНОТО ПРАВО

  • Најчести пропусти во текот на управна постапка и насоки за нивно надминување
  • Практична примена на јавна расправа согласно материјалното право
  • Тек на расправата, сослушување на странки и сведоци, докажување, вештачење
  • Мериторно одлучување во управен спор
  • Правна заштита во управен спор
  • Институт парично казнување
  • Ефикасноста на управен спор
  • Одлуките на Управен суд на Република Северна Македонија
  • Воедначена судкса пракса

Предавач на обуката-

  • д-р Едита Насковска – судија на Управен суд на Република Македонија

По завршување на обуката Академија ЦЕС Ви овозможува  консалтинг услуга која ќе Ви овозможи слободно да ни  се обратите  за секое прашање или дилема поврзано  со темата, а нашиот предавач ќе помогне во решавање на истото. Прашањата треба да бидат  адресирани на меил адресата trainingcenterces@gmail.com

Во прилог Ви доставуваме:

За пријавување на учество во оваа обука потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот .

Краен рок на доставување на пријавите е 03.11.2020.

Поради ограничениот број на учесници на обуката Ве молиме  за навремена достава на пријавите

Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

 

Контакт