Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование, центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства и вештини.
За таа цел ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С. ве поканува на онлајн обука на тема:
НОВИОТ ЗАКОН ЗА УПРАВНИ СПОРОВИ
која ќе се одржи на ден 31.07.2020
- ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА ОБУКА?
Обуката е наменета за директори, правници, вработени во секторот за човечки ресурси и сите заинтересирани за оваа проблематика , предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса како и за сите останати заинтересирани лица. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.
- ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА
-НАСОКИ ЗА АДЕКВАТНА ПРИМЕНА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА УПРАВНИ СПОРОВИ
- Управна постапка и управен спор
- Организација на управното судство
- Организација на јавните органи
- Споредба на законски одредби од стариот и новиот Закон за управни спорови
- Заклучоци за слабостите на Законот за управни спорови
- Анализа на новите законски решенија во Законот за управни спорови
-ПРОЦЕСНИ ДЕЈСТВИЈА ВО УПРАВНА ПОСТАПКА
- Примена на начела од Закон за општа управна постапка
- Поднесување на барање или постапување по службена должност
- Известување
- Утврдување на фактичика состојба
- Изготвување на првостепено решение, увод , диспозитив и образложение
- Правни лекови
- двостепеност на управна постапка
- Конечно решение
ПРАВНА ЗАШТИТА ВО УПРАВЕН СПОР
- Стапување во сила и примена на одредбите од новиот закон за Закон за управни спорови
- Судска заштита двостепеност на управниот спор
- Активна легитимација
- Времени мерки
- Постапка за извршување на правосилна судска пресуда
-НАСОКИ ЗА ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОН ЗА ЗАКОН ЗА УПРАВНИ СПОРОВИ СОГЛАСНО МАТЕРИЈАЛНОТО ПРАВО
- Најчести пропусти во текот на управна постапка и насоки за нивно надминување
- Практична примена на јавна расправа согласно материјалното право
- Тек на расправата, сослушување на странки и сведоци, докажување, вештачење
- Мериторно одлучување во управен спор
- Правна заштита во управен спор
- Институт парично казнување
- Ефикасноста на управен спор
- Одлуките на Управен суд на Република Северна Македонија
- Воедначена судкса пракса
Предавач-експерт со долгогодишно практично искуство во областа: д-р Едита Насковска – судија на Управен суд на Република Македонија -предавач со долгогодишно работно практично искуство во областа
Во прилог Ви доставуваме:
За пријавување на учество во оваа обука потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот .
Краен рок на доставување на пријавите е 24.07.2020
Поради ограничениот број на учесници на обуката Ве молиме за навремена достава на пријавите
Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.
Контакт
Тренинг Центар ЦЕС
тел./факс ++389 2 32- 32- 510
моб.075-225-526
моб. 078-339-502
веб сајт https://ces.mk
е-маил trainingcenterces@gmail.com
ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ДЕН И ВЕ ОЧЕКУВАМЕ ЗАЕДНО ДА ГИ РАЗРЕШИМЕ СИТЕ ВАШИ ДИЛЕМИ!