Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, вештини.

 

За таа цел ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С. ве поканува на онлајн обука на тема:

ПОПОЛНУВАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ВРАБОТУВАЊЕ ПРЕКУ ЈАВЕН ОГЛАС И РАЗГРАНИЧУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕТО НАСПРЕМА АНГАЖИРАЊЕТО НА ЛИЦА СО ДОГОВОР ЗА ДЕЛО

која ќе се одржи на ден 30.07.2020

  • ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА ОБУКА?

Обуката е наменета за директори, правници, вработени во секторот за човечки ресурси и сите заинтересирани за оваа проблематика , предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса како и за сите останати заинтересирани лица. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

  • ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

 

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА:

  1. Работен однос и претпоставки за негово постоење
  • Детерминирање на одреден однос како работен
  • Поимно разграничување на вработувањето наспрема ангажирањето на лица
  • Начини на пополнување на работни места
  • Вработување во јавниот сектор
    • Законски основ за вработување во јавниот сектор
  • Видови на вработување
    • Вработување на неопределено
      • Услови за вработување на неопределено време
    • Законска обврска за планирање на вработувањата со годишен план за вработување
    • Значење на донесување на годишен план за вработување и последици од недонесување на годишен план за вработување
    • Финансиска согласност
    • Постапка за вработување на неопределено време
    • Чекори при постапка за вработување на административни службеници
    • Чекори при постапка за вработување на даватели на јавни услуги и помошно технички лица

 

  1. Вработување на определено време
  • Поим и дозволеност за вработување на определено време
  • Услови за вработување на определено време
  • Чекори при постапка за вработување на определено време

 

  1. Ангажирање на лица во јавниот сектор
  • Засновање работен однос наспрема ангажирање со договор за дело
  • Сличности на вработување и ангажирање
  • Законски основ за ангажирање на лице со договор за дело
  • Постапка и услови за ангажирање лица во јавниот сектор
    • Услови за ангажирање согласно Законот за трансформација во редовен работен однос
  • Предности и можности при ангажирањето на лица
  • Влијание и ефекти од долготрајно ангажирање наместо вработување на лица
  • Новитети во однос на вработувањето и ангажирањето на лица во јавниот сектор како последица од вондредната состојба
  • Надзор над постапките за вработување во јавниот сектор
  • Последици од неправилна примена на законските одредби при вработување и ангажирање на лица
    • Одговорност при непочитување на одредбите за вработување и неправилна примена на одредбите за ангажирање на лица

 

Предавач-експерт со долгогодишно практично искуство во областа:Андријана Матлиоска

Во прилог Ви доставуваме:

За пријавување на учество во оваа обука потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот .

Краен рок на доставување на пријавите е 23.07.2020

Поради ограничениот број на учесници на обуката Ве молиме  за навремена достава на пријавите

Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт

Тренинг Центар ЦЕС

тел./факс ++389 2 32- 32- 510

моб.075-225-526

моб. 078-339-502

веб сајт https://www.ces.mk

е-маил trainingcenterces@gmail.com