Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства и вештини.

 

За таа цел ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С. ве поканува на онлајн обука на тема:

СПРОВЕДУВАЊЕ НА ФУНКЦИОНАЛНА АНАЛИЗА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР НИЗ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ И ПОСТАПКА НА УПРАВУВАЊЕ СО ЕФЕКТОТ НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ

која ќе се одржи на ден 31.07.2020

  • ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА ОБУКА?

Обуката е наменета за директори, правници, вработени во секторот за човечки ресурси и сите заинтересирани за оваа проблематика , предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса како и за сите останати заинтересирани лица. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

  • ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА
  1. Функционална анализа во јавниот сектор-Цели на функционалната анализа;
  • Функционалната анализа како услов за промена на правилниците за систематизација и организација на работните места во институцијата;
  • Начин на систематизирање на работните места во правилникот за систематизирање на работните места;
  • Правен основ за спроведување;
  • Моделот на функционалната анализа;
  • Функциите како основа на функционалната анализа;
  • Спроведување на функционалната анализа;
  • Почеток на спроведувањето;
  • Формирање на тим;
  • Организирање на процесот;
  • Анализа на документи;
  • Собирање информации за расположливите човечки и други капацитети;
  • Прибирање податоци за перцепцијата на вработените во институцијата;
  • Прибирање податоци за организациските единици;
  • Спроведување интервјуа.
  1. Изготвување на извештајот по спроведената анализа – со посебен осврт на делот на наодите и препораките
  • Анализа и категоризација на функциите;
  • Анализа на информациите и евалуација според критериумите;
  • Констатирана состојба согласно истражувањето;
  • Препораки за надминување на констатираните недостатоци и подобрување на целокупната состојба во институцијата;
  • План за подобрување.

 

  1. Анализа на предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор од аспект на начинот на изготвување на функционална анализа и изготвувањето/донесување на правилниците за организација и систематизација на работните места
  • можност за предвидување на повеќе извршители од бројот на извршители за кои се обезбедени финансиски средства за плати и надоместоци во буџетот на институцијата;
  • постапка за добивање на согласност за функционалната анализа;
  • постапка за донесување на правилниците за организација и систематизација на работните места;
  • можност за промена на правилниците за организација и систематизација на работните места само два пати во текот на годината.

 

  1. Управување со ефектот на административните службеници
  • Утврдување на работните цели;
  • Утврдување на план за стручно усовршување;
  • Континуирано следење на ефектот и полугодишно интервју;
  • Оценување на ефектот на административниот службеник;
  • Постапка на оценување во други околности;
  • Годишна оцена на административниот службеник;
  • Надоместок за успешност во работењето.

Предавач-експерт со долгогодишно практично искуство во областа: Александра Лулкоска

 

Во прилог Ви доставуваме:

 

За пријавување на учество во оваа обука потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот .

Краен рок на доставување на пријавите е 24.07.2020

Поради ограничениот број на учесници на обуката Ве молиме  за навремена достава на пријавите

Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт

Тренинг Центар ЦЕС

тел./факс ++389 2 32- 32- 510

моб.075-225-526

моб. 078-339-502

веб сајт https://www.ces.mk

е-маил trainingcenterces@gmail.com