Потпишана Рамковна спогодба за набавка на услуги за подготовка на националната верзија на правото на ЕУ
– писмен превод, јазична ревизија и лектура на ЕУ акти помеѓу СЕКРЕТАРИЈАТОТ ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА И АКАДЕМИЈА Ц. Е. С.
На ден 22.01.2021г. директорката на Академија Ц. Е. С. г-ѓа Дијана Зафировска ја потпиша Рамковната спогодба за набавка на услуги за подготовка на националната верзија на правото на ЕУ – писмен превод, јазична ревизија и лектура на ЕУ акти за потребите на Секретаријатот за европски прашања.
На свеченото потпишување во Владата на Република Северна Македонија присуствуваа претставниците на економските оператори на кои заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања г-дин Никола Димитров, претставничките од СЕП, државната секретарка г-ѓа Калинка Габер и раководителката на секторот за подготовка на националната верзија на acquis (правото на ЕУ) г-ѓа Слаѓана Ангелова, ги предадоа копиите од Рамковната спогодба.
Со отпочнување на овој процес на преводот на правото на ЕУ, СЕП не само што ќе го раздвижи развојот на економските оператори за преведување и нивното усовршување, туку развојот и зрелоста на овој долгогодишен проект ќе бидат тесно испреплетени со нашата политика и заложба за развој на македонскиот јазик и терминологија. Затоа што, во коренот на нашиот јазик лежи и нашиот идентитет и тие две одлики мора соодветно да се негуваат и да се сочуваат со широк приод и мудри политики.