ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С. ГИ ПОЧИТУВА МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19, ОБЕЗБЕДУВАЈКИ РАСТОЈАНИЕ, ЗАШТИТНА ОПРЕМА И ДЕЗИНФЕКЦИЈА

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства и вештини.

За таа цел ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С. ве поканува на обука на тема:

ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ ВО ИНСПЕКЦИСКАТА ПОСТАПКА СОГЛАСНО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР, ЗАКОН ЗА ОПШТА УПРАВНА ПОСТАПКА И ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ

која ќе се одржи во просториите на ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ЦЕС  на ден 19.06.2020

  • ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА ОБУКА?

Обуката е наменета за инспектори од инспекциските служби на Република Северна Македонија, адвокати, раководители на инспекциските служби од општините, инспекциски служби од министерствата. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

  • ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА
  1. Примена на Закон за општа управна постапка (ЗОУП)
  • Предмет на уредување и примена на ЗОУП
  • Основни начела на ЗОУП
  • Надлежност на водење на постапката
  • Комуникација
  • Рокови
  • Поведување на управна постапка, докажување, известување и достава
  • Управни дејствија

 

  1. Примена на Законот за прекршоци (ЗП)
  • Што е целта на новото законско решение – првенствено намалување на прекршочните глоби и подобрување на ефикасноста на прекршочната постапка.
  • Што предвидува новиот ЗП во однос на глобите за физички и правни лица.
  • Изрекувањето на опомена со новиот ЗП пред да биде изречена глоба се воведува како правило.
  • усогласување на сите материјални закони во правец на нивно усогласување со предвидената висина на глобите во Законот за прекршоците.
  • Со новиот закон се определуваат општите услови за пропишување на прекршоците, и прекршочните санкции, општите услови за утврдување на прекршочната одговорност, за изрекувањето и извршувањето на прекршочните санкции и се пропишува прекршочната постапка што ја водат судовите и прекршочните органи.

 

  1. Примена на Законот за инспекциски надзор (ЗИН)
  • Предмет и примена на ЗИН
  • Основни начела на ЗИН
  • Надлежности на Инспекторите (Права и обврски)
  • Права и обврски на субјектот на инспекцискиот надзор
  • Постапка за поведување на инспекциски надзор (Видови на инспекциски надзор)
  • Супсидијарна примена на ЗОУП, во инспекциска постапка

 

  1. Практична примена на ЗОУП, ЗИН и ЗП од аспект на изготвување на документи како Записник и Решение.

 

  1. Дискусија околу новонастаната состојба со Covid-19 и донесената уредба со законска сила на Владата на РСМ за примена на ЗОУП за време на вонредна состојба.

 

Предавачи-експерти со долгогодишно практично искуство во областа:

  • Филип Камчев – Адвокат од Скопје,
  • Николче Крстевски – Советник во Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка
  • Јован Николов – Советник во Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка

По завршување на обуката Тренинг центар ЦЕС Ви овозможува  консалтинг услуга која ќе Ви овозможи слободно да ни  се обратите  за секое прашање или дилема поврзано  со темата, а нашиот предавач ќе помогне во решавање на истото. Прашањата треба да бидат  адресирани на меил адресата trainingcenterces@gmail.com

Во прилог Ви доставуваме:

 

За пријавување на учество во оваа обука потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот. Краен рок на доставување на пријавите е 15.06.2020.

Поради ограничениот број на учесници на обуката Ве молиме  за навремена достава на пријавите

Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице