АКАДЕМИЈА ЦЕС веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование, центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства и вештини.
За таа цел АКАДЕМИЈА Ц.Е.С. ве поканува на онлајн обука на тема:
ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ ВО ИНСПЕКЦИСКАТА ПОСТАПКА СОГЛАСНО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ЗАКОН ЗА ОПШТА УПРАВНА ПОСТАПКА
која ќе се одржи во просториите на ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ЦЕС на ден 28.09.2020
*Постои можност обуката да се одржи со физичко присуство*
- ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА ОБУКА?
Обуката е наменета за инспектори од инспекциските служби на Република Северна Македонија, адвокати, раководители на инспекциските служби од општините, инспекциски служби од министерствата. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.
- ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА
- Примена на Закон за општа управна постапка (ЗОУП)
- Предмет на уредување и примена на ЗОУП
- Основни начела на ЗОУП
- Надлежност на водење на постапката
- Комуникација
- Рокови
- Поведување на управна постапка, докажување, известување и достава
- Управни дејствија
- Примена на Законот за инспекциски надзор (ЗИН)
- Предмет и примена на ЗИН
- Основни начела на ЗИН
- Надлежности на Инспекторите (Права и обврски)
- Права и обврски на субјектот на инспекцискиот надзор
- Постапка за поведување на инспекциски надзор (Видови на инспекциски надзор)
- Супсидијарна примена на ЗОУП, во инспекциска постапка
- Практична примена на ЗОУП и ЗИН од аспект на изготвување на документи како Записник и Решение.
- Дискусија околу новонастаната состојба со Covid-19 и донесената уредба со законска сила на Владата на РСМ за примена на ЗОУП за време на вонредна состојба.
Предавачи-експерти со долгогодишно практично искуство во областа:
- Филип Камчев – Адвокат од Скопје,
- Јован Николов – Советник во Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка
По завршување на обуката Академија ЦЕС Ви овозможува консалтинг услуга која ќе Ви овозможи слободно да ни се обратите за секое прашање или дилема поврзано со темата, а нашиот предавач ќе помогне во решавање на истото. Прашањата треба да бидат адресирани на меил адресата trainingcenterces@gmail.com
Во прилог Ви доставуваме:
За пријавување на учество во оваа обука потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот .
Краен рок на доставување на пријавите е 23.09.2020.
Поради ограничениот број на учесници на обуката Ве молиме за навремена достава на пријавите
Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.
Контакт
АКАДЕМИЈА Ц.Е.С.
тел./факс ++389 2 32- 32- 510
моб.075-225-526
моб. 078-339-502
веб сајт https://www.ces.mk
е-маил trainingcenterces@gmail.com