БЕСПЛАТЕН ВЕБИНАР
Како да одредиш дали најновите светски трендови во фризерскиот занает ќе одговараат на потребите на твојот клиент? Одговорот на ова прашање најчесто потекнува од твојата желба како професионален фризер да ги истражиш најновите трендови во оваа област и потребите на твојот клиент, а од друга страна да знаеш како да воспоставиш ефикасна комуникација со твојот клиент за да дознаеш какви потреби има.
Унапредувајќи го своето знаење како професионален фризер, следејќи ги светските трендови и потреби на клиентите имаш можност да напредуваш и да креираш сопствена – бренд приказна.
Дознај што се му е потребно на еден врвен професионален фризер за примена на светските трендови во својот фризерски занает заедно со Мартин Огњановски – интернационален стилист/фризер со долгогодишно меѓународно искуство кој во својата кариера работел во една од најдобрите светски фризерници Toni & GUY која располага со 680 салони во 40 земји, а во моментов работи во една од поголемите фризерници во Австралија – Jimmy Rods која брои 15 салони.

Мартин Огњановски – интернационално познат стилист/фризер кој работел во една од најдобрите светски фризерници Toni & Guy, а моментално работи во една од поголемите поголемите фризерници во Австралија – Jimmy Rods.
Професионален фризер со повеќегодишно меѓународно искуство. Максимално посветен на својата работа, унапредување на сопственото знање, напредок, посветен кон грижата за своето семејство како и кон грижата за здравјето и здравите навики. Фокусиран кон следење на новите светски трендови од областа на фризерскиот занает и нивна примена во секојдневната работа со своите клиенти.
Својот кариерен пат како професионален фризер го започнува токму од ЦЕС Академија на обуката за професионален фризер, а потоа своето образование го продолжува на академија за фризери во Мелбурн која што е преставништво на престижниот Видал Сасун од Лондон каде што престојува една година.
Константното вложување во сопственото знаење, желбата за напредок и создавање успешна кариера му овозможуваат да работи во една од најдобрите светски фризерници – Toni & Guy, бренд кој што располага со 680 салони во 40 држави. Во моментов работи во една од поголемите фризерници во Австралија – Jimmy Rods која брои 15 салони. Покрај работата како професионален фризер, работи и како едукатор од областа на фризерскиот занает.
Секој успех може да се постигне, секој сон може да се оствари. Работете на себе, верувајте во вашите способности, поради тоа што никогаш не е доцна за нова кариера и успех во вашиот живот – вели, Мартин.
- Ќе дознаеш кои се најновите светски трендови во фризерскиот занает
- Ќе научиш како најновите светски трендови од оваа област да ги примениш согласно потребите и желбите на твојот клиент
- Ќе дознаеш што ти е потребно за да работиш како врвен професионален фризер доколку сакаш да работиш надвор од твојата земја
- Ќе слушнеш меѓународни искуства, информации и нови идеи со кои ќе можеш да го унапредиш твоето знаење и работа
- Ќе имаш можност да поставиш прашања директно до Мартин

- Сите оние кои веќе работат во оваа област
- Сите оние кои допрва започнале да работат во оваа област
- Сите оние кои се заинтересирани да започнат со работа во фризерскиот занает
- Сите оние кои сакаат да ја унапредат својата работа и бизнис во овој занает
- Сите оние кои сакаат да слушнат како може да се успее во оваа професија и надвор од својата држава
- Сите оние кои ги интересира оваа индустрија и фризерскиот занает
Сподели го вебинарот
ОСТАНАТИ ОБУКИ
УПРАВУВАЊЕ И/ ИЛИ ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД
За да се стекне со Уверението потребно е да положи стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад.
ОБУКИ ЗА ЛИЧЕН И ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ
Обуки од ваков тип овозможуваат, стекнување на вештини, преку кои на најдобар можен начин ги идентификувате своите слаби и јаки страни, да ги истекнете предностите, но и слабите страни да ги претворите во предности.
ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ
Светот се врти околу парите, сите сигурно ја чуле таа изрека. Сигурно и многу пати во животот се увериле дека има голема вистина во исказот. Но, прашање е колку сме ние подготвени паметно да управуваме со парите.
Обука за Службеник во сметководство
Програмата “Службеник во сметководство” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на основни (почетни) теоретски и практични знаења и умеења за водење на сметководствената евиденција и утврдувањето на резултатите од работењето.
ОБУКА ЗА ПРЕТПРИЕМАЧКИ ВЕШТИНИ
Многумина сонуваат да имаат свој бизнис, да бидат менаџери на сопствениот бизнис и успешно да градат своја кариера. Зад секој успешен бизнис стои некој, кој што имал добра идеја, желба за успех и упорност, но пред се посветеност и храброст таа идеја да ја реализира до крај.
Обука за канцелариско и архивско работење
Што треба да знаете за канцелариското и архивското работење
Обука за деловен асистент
Администраторот, како што уште се нарекува деловен асистент, има различна улога споредено од една до друга компанија, меѓутоа постојат неколку основни вештини кои мора да ги поседува со цел успешно да одговори на работните обврски.
ОБУКА ЗА ВЕШТИНИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Да се најде добра работа во денешно време, навистина е предизвик. Не само што треба да ги поседувате вистинските квалификации и вештини, туку многу е важно и како ќе се претставите пред работодавачите. Или уште поголем предизвик може да претставува, како да дојдете до информација за вистинската понуда на работни места.








