ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С. ГИ ПОЧИТУВА МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19, ОБЕЗБЕДУВАЈКИ РАСТОЈАНИЕ, ЗАШТИТНА ОПРЕМА И ДЕЗИНФЕКЦИЈА

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, вештини.

 

За таа цел ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С. ве поканува на обука на тема:

ПРОПИСИ И ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ ВО ДРЖАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

која ќе се одржи во просториите на Тренинг Центар ЦЕС  на ден 26.06.2020

  • ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА ОБУКА?

Обуката е наменета за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и унапредат техниките на канцелариското и архивското работење и да го усогласат своето работење со важечките законски прописи. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

  • ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА
  1. ОСВРТ НА КРУЦИЈАЛНОТО ЗНАЧЕЊЕ НА КАНЦЕЛАРИСКОТО И АРХИВСКОТО РАБОТЕЊЕ ЗА ИНСТИТУЦИЈАТА И ЕФЕКТОТ НА ИСТОТО ВРЗ СЕВКУПНО РАБОТЕЊЕ НА ИСТАТА
  • Презентирање на законските и подзаконските акти за канцелариското и архивското работење
  • Најчести проблеми во работењето
  • Дискусија примери од пракса
  1. КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ (Хартиено или електронско)
  • Овластувања кои треба да ги издаде функционерот односно одговорното лице а кое треба да ги поседува службеното лице кое ги извршува прописите за канцеларсико и архивско работење според прописите за канцелариско и архивско работење
  • Овластување за прием прегледување и распоредување
  • Овластување за ракување со печати и штенбили
    • Штенбили и печати на еден орган
    • Евиденција на печати
    • Приемен штенбил
    • Роковен штенбил
    • Печат и др.
  • Обрасци за пополнување, вежби и практична примена
  1. ОСНОВНИ ТЕХНИКИ ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО РАБОТЕЊЕ:
  • Водење на основната книга за евиденција – деловодник, како се водат помошните книги за евиденција, (посебен осврт на најчести грешки во работењето и надминување на истите)
  • Целата постапка на изработка и носење на План на архивски знаци, Листа на архивски материјал и Листа на документарен материјал со рокови за негово чување, електронско канцелариско работење (практична работа и практични примери);
  • Обрасци за пополнување, вежби и практична примена
  • Книги за евиденција (начин на заведување, пренос, поврзување , исправка на погрешно запишан текст и заклучување)
  • Деловодник
  • Класифициран деловодник
  • Попис на акти
  • Регистри
  • Уписници
  • Интерна книга
  • Книга за место
  • Книга за пошта
  • Обрасци за пополнување, вежби и практична примена
  1. АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ (приватен и јавен сектор)
  • Основни техники на архивското работење: архивирање, средување и обработка на документите, одбирање на архивскиот од документарниот материјал, попис и опис на архивскиот материјал, заштита и чување на архивскиот материјал (практична работа и практични примери);
  • Дефинирање на основните поими во канцелариското и во архивското работење: архивски материјал, документарен материјал, документ/запис, конвенционален и неконвенционален архивски и документарен материјал, имател на архивски материјал и сл;
  • Споредба помеѓу јавен и приватен архивски материјал: права и обврски на имателите на јавен и на имателите на приватен архивски и документарен материјал;
  1. АРХИВИРАЊЕ, ЧУВАЊЕ И УНИШТУВАЊЕ НА АРХИВСКИОТ ФОНД СОГЛАСНО ПЛАНОТ НА АРХИВСКИ ЗНАЦИ, ЛИСТАТА НА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ И ЛИСТАТА НА ДОКУМЕНТАРЕН МАТЕРИЈАЛ СО РОКОВИ ЗА НЕГОВО ЧУВАЊЕ 
  • Архивирање,средување и издавање на документи/записи за користење
  • Одбирање и евидентирање на архивски материјал
  • Предавање на архивски материјал
  • Чување и заштита на архивски и документарен материјал
  • Обрасци за пополнување, вежби и практична примена
  • Надзор врз работењето на имателите на архивски и документарен материјал

 

Предавач-експерт со долгогодишно практично искуство во областа: Каролина Стојановска-Богдановска – советник управен инспектор во Државниот управен инспекторат.

Во прилог Ви доставуваме:

 

За пријавување на учество во оваа обука потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот. Краен рок на доставување на пријавите е 20.06.2020

Поради ограничениот број на учесници на обуката Ве молиме  за навремена достава на пријавите

Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице