Проектот “The Skills to pay the bills”-“Со вештини до подобра заработка е организиран од страна на Тренинг центар Ц.Е.С – Македонија и финансиски поддржан од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија – Еразмус+ Програмата која прикажува стратешко меѓународно партнерство насочено кон развој на нови вештини на невработени лица за подобрување на нивните компетенции на пазарот на трудот. 

Стратешката определба на Тренинг Центар ЦЕС е да понуди квалитетен образовен производ кој е во согласност со интересите на учениците и потребите на пазарот на трудот, преку зголемување на компетенциите и вештините за полесно вработување или самовработување.

Како дел од краткорочните цели што ги постави нашиот центар, утврдивме неколку слаби точки според SWOT-анализата. Во овој момент нудиме голем број курсеви за кандидати на кои им е потребна преквалификација со цел да бидат конкурентни за пазарот на трудот. Поточно, сакаме да се концентрираме на дуалното образование  и да обезбедиме квалитетна пракса  за учесниците.

 

ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ:

  1. Имплементација на системот за дуално образование
  2. Подобрување на програмите и наставните содржини што се користат со тековните трендови во Европа
  3. Подобрување на вештините и компетенциите на нашите учесници во секторот за фризерство и козметика.
  4. Настава преку неформални методи во професионално опкружување
  5. Зголемување на можностите за вработување за занимање фризери и козметичари
  6. Стекнување на овластени и признати сертификати што ќе им овозможат на учесниците да се вработат или да отворат сопствен бизнис
  7. Создавање можности за идни партнерства со релевантни организации

 

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОЕКТОТ:

Направивме избор од вкупно 12 ученици кои би посетувале две различни практични обуки во Бугарија за фризери и во Италија за козметичари. Тие ќе бидат придружувани од нивните обучувачи за да добијат подобар мониторинг и да обезбедат квалитетно учење.

Мотивацијата за избор на учесници беше внимателно да ги избереме оние што се ентузијасти, желни за учење, вредни и талентирани на овие специфични области. Сите тие имаат посетено обука или во моментов посетуваат обука во нашиот тренинг центар  и имаат остварено голем дел од наставните планови и програми.