ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С. ГИ ПОЧИТУВА МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19, ОБЕЗБЕДУВАЈКИ РАСТОЈАНИЕ, ЗАШТИТНА ОПРЕМА И ДЕЗИНФЕКЦИЈА
Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование, центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства и вештини.
За таа цел ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С. ве поканува на обука на тема:
СПРОВЕДУВАЊЕ НА ФУНКЦИОНАЛНА АНАЛИЗА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР НИЗ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ И ПОСТАПКА НА УПРАВУВАЊЕ СО ЕФЕКТОТ НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ
која ќе се одржи во просториите на Тренинг Центар ЦЕС на ден 25.06.2020
- ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА ОБУКА?
Обуката е наменета за директори, правници, вработени во секторот за човечки ресурси и сите заинтересирани за оваа проблематика , предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса како и за сите останати заинтересирани лица. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.
- ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА
- Функционална анализа во јавниот сектор-Цели на функционалната анализа;
- Функционалната анализа како услов за промена на правилниците за систематизација и организација на работните места во институцијата;
- Начин на систематизирање на работните места во правилникот за систематизирање на работните места;
- Правен основ за спроведување;
- Моделот на функционалната анализа;
- Функциите како основа на функционалната анализа;
- Спроведување на функционалната анализа;
- Почеток на спроведувањето;
- Формирање на тим;
- Организирање на процесот;
- Анализа на документи;
- Собирање информации за расположливите човечки и други капацитети;
- Прибирање податоци за перцепцијата на вработените во институцијата;
- Прибирање податоци за организациските единици;
- Спроведување интервјуа.
- Изготвување на извештајот по спроведената анализа – со посебен осврт на делот на наодите и препораките
- Анализа и категоризација на функциите;
- Анализа на информациите и евалуација според критериумите;
- Констатирана состојба согласно истражувањето;
- Препораки за надминување на констатираните недостатоци и подобрување на целокупната состојба во институцијата;
- План за подобрување.
- Анализа на предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор од аспект на начинот на изготвување на функционална анализа и изготвувањето/донесување на правилниците за организација и систематизација на работните места
- можност за предвидување на повеќе извршители од бројот на извршители за кои се обезбедени финансиски средства за плати и надоместоци во буџетот на институцијата;
- постапка за добивање на согласност за функционалната анализа;
- постапка за донесување на правилниците за организација и систематизација на работните места;
- можност за промена на правилниците за организација и систематизација на работните места само два пати во текот на годината.
- Управување со ефектот на административните службеници
- Утврдување на работните цели;
- Утврдување на план за стручно усовршување;
- Континуирано следење на ефектот и полугодишно интервју;
- Оценување на ефектот на административниот службеник;
- Постапка на оценување во други околности;
- Годишна оцена на административниот службеник;
- Надоместок за успешност во работењето.
Предавач-експерт со долгогодишно практично искуство во областа: Александра Лулкоска
Во прилог Ви доставуваме:
За пријавување на учество во оваа обука потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот. Краен рок на доставување на пријавите е 18.06.2020
Поради ограничениот број на учесници на обуката Ве молиме за навремена достава на пријавите
Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.
Контакт лице
- Андријана Јаневска
- Тренинг Центар ЦЕС
- тел./факс ++389 2 32- 32- 510
- моб.075-225-526
- моб. 078-339-502
- веб сајт https://www.ces.mk
- е-маил trainingcenterces@gmail.com