Студиска посета во Шведска, во рамките на програмата Леонардо да Винчи за стручно образование и обука

 

Во текот на 2013 година, проектниот тим од Тренинг центарот ЦЕС, и претставници од секторот за развој на курикулуми за стручно образование и обука, остварија три дневна посета на организацијата АБФ од Шведска, со цел да се разменат искуства, добри практики и да се разгледаат можностите за идна стратегиска соработка,​​ со фокус на секторот за лични услуги-Козметичар за нега на лице и тело, масер за козметичка масажа итн

АБФ е еден од најголемите тренинг центри во Шведска, кој работи во делот на образование за возрасни лица. АБФ е најголемата асоцијација за либерално образование за возрасни во Шведска. Кратенката се АБФ потекнува од Arbetarnas Bildningsförbund (Здружение за образование на работници).​​ 

Целта на либералното образование за возрасни е да промовира развој на поединците и да обезбеди образование и обука што ја поддржува кохезијата на општеството, еднаквоста и активното граѓанство, засновано врз принципот на доживотно учење. Суштински аспект на либералното образование на возрасните е дека секој има право да аплицира за да учествува во истото. Ваквото образование не обезбедува диплома или квалификација, која е регулирана со законодавството. Давателите на образовни услуги, ги определуваат целите и содржината на студиите. Како вакви провајдери на ​​ образование за возрасни се јавуваат локалните власти, заедничките општински власти, здруженија, фондации и компании.

Демократијата, различноста, правдата и еднаквоста се темелите на работењето на АБФ. Во рамките на АБФ егистираат ​​ 52 локални / регионални гранки и национален Секретаријат. Секретаријатот го поддржува растот на активностите во рамките на организацијата, работејќи сеопфатно во областа на културата, интеграцијата, здравството, синдикатите, политиката, меѓународните студии и прашањата за инвалидитетот.

Посетата беше поддржана од програмата Леонардо да Винчи, која што е интегрален дел од програмата Доживотно учење и поддржува секакви форми на стручно образование и обука. Програмата Леонардо да Винчи го поддржува развојот на вештини и обука, финансира работни места за специјализанти, работници и вработени и поддржува европски проекти за развој на наставни програми и обука. Исто така, поддржува иновации и подобрувања во системите и практиките за стручно образование и обука. Оваа програма на децентрализирано ниво ја администрира Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.​​ 

 

 

C:\Users\Dijana\Desktop\FB_IMG_1611301357770.jpg

C:\Users\Dijana\Desktop\FB_IMG_1612445825700.jpg