fbpx

Настани

Мобилност во Измит, Турција

2024-06-03T18:28:17+02:00

Уште една наша група на слушатели на дополнителна обука во Турција. Поддржани од Еразмус+ програмата (Empower проект), посетуваат курсеви и обуки од секторот за убавина во центрите за стручно и образование за возрасни во Измит.

Мобилност во Измит, Турција2024-06-03T18:28:17+02:00

Мобилност во Италија (Empower проект)

2024-06-03T18:24:25+02:00

Дел од нашите слушатели кои успешно ги поминаа обуките за шминка и козметичар за нега на лице и тело имаа можност да одат на дополнителна обука во Италија преку Еразмус+ програмата.

Мобилност во Италија (Empower проект)2024-06-03T18:24:25+02:00

Настан: препознавање на компетенции, знаења и вештини на мигранти и лица под меѓународна заштита

2023-12-13T17:33:52+01:00

На 04.12.2023 година, две претставнички од Академија Ц.Е.С. учествуваа на работилница за: препознавање на компетенции, знаења и вештини на мигранти и лица под меѓународна заштита.Целта на настанот беше детално скенирање на тековните состојби, идентификување на пречки со кои се јавуваат при препознавањето на вештини, знаења и компетенции, од страна на сите активни чинители во процесите и барање на решенија за подобрување на состојбата.

Настан: препознавање на компетенции, знаења и вештини на мигранти и лица под меѓународна заштита2023-12-13T17:33:52+01:00

Учество во тематска работилница за стручно образование и обука

2023-12-13T17:44:49+01:00

Настан: Тематска обука за провајдери на СОО со цел подигање на свеста за мобилностите во полето СОО и признавање на резултатите од учење, организиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Целта на настанот беше низ заеднички активности да се изнајдат подобри решенија за признавање на резултатите од учење, особено на корисниците на мобилности и практична обука во странство

Учество во тематска работилница за стручно образование и обука2023-12-13T17:44:49+01:00

Учество во панел дискусија во рамки на ЕПАЛЕ Регионален настан

2023-10-13T19:29:03+02:00

Во рамките на регионалниот настан за обука и вмрежување на ЕПАЛЕ амбасадори, беше организирана панел дискусија за работа со тешко достапни целни групи. Целта на настанот беше да се споделат добри практики и искуства за подобро вклучување на тешко достапните целни групи во образование, прифаќање на концептот на доживотно учење и промоција на потенцијалите на ЕПАЛЕ (Електронска платформа за учење на возрасните во Европа).

Учество во панел дискусија во рамки на ЕПАЛЕ Регионален настан2023-10-13T19:29:03+02:00

Образовна платформа E-LEARNER, проект подржан од ФИТР

2023-10-04T20:34:25+02:00

Проектот Образовна платформа E-LEARNER, подготвен од тимот од Академија Ц.Е.С. беше препознаен како иновативно решение за дигитална трансформација во понудата на образовни услуги и истиот ќе биде реализиран со подршка ФИТР.

Образовна платформа E-LEARNER, проект подржан од ФИТР2023-10-04T20:34:25+02:00

Мобилност во Валенсија

2023-08-22T22:12:04+02:00

Претставници од Академија ЦЕС во периодот 23.07.2023-30.07.2023 имааа можност да учествуваат во обука на тема дигитални алатки за управување со проекти во образованието. Обуката исто така обезбедува запознавање и практична примена на повеќе дигитални алатки кои може да имаат одлична примена во управување со европски образовни проекти, но и во самиот образовен процес и наставата.

Мобилност во Валенсија2023-08-22T22:12:04+02:00

Мобилност во Барселона

2023-08-22T21:59:27+02:00

Во периодот од 03.07.2023-08.07.2023 година, двајца волонтери од Академија ЦЕС имаа можност да учествуваат во мобилност во Шпанија. Целта на обуката беше да се стекнат и усвојат одредени меки вештини кои ќе имаат особено значење во подигнување на квалитетот на образовните услуги.

Мобилност во Барселона2023-08-22T21:59:27+02:00

Мобилност во Мерсин

2023-08-22T21:59:58+02:00

Уште едно интересно патување на учење и пријателство во Мерсин, Турција 19.06.2023-23.06.2023. Искуството на нашите обучувачи во Мерсин, Турција, беше незаборавно патување на учење и пријателство. Учесниците во обуката имаа можност да се стакнат со практични знаења, да научат нови техники и методи кои може да се користат во наставата и да воспостават значајни врски со професионалци од областа, за размена на искуства и добри практики.

Мобилност во Мерсин2023-08-22T21:59:58+02:00

Мобилност во Мадрид

2023-08-22T22:00:23+02:00

Во јуни 2023, Академија ЦЕС, повторно со поддршка на Еразмус + програмата и центарот за образование на возрасни Паоло Фреире (CEPA Paolo Freire) во Фуенлабрада-Мадрид Шпанија, оствари уште една успешна соработка.

Мобилност во Мадрид2023-08-22T22:00:23+02:00

АКАДЕМИЈА ЦЕС

Лидери во областите на (не)формалното стручно образование и возрасни кој на својот времеплов бележи преку 420 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл., преку 36 000 обучени лица од различни профили во Македонија и регионот.

Контакт инфо

Антон Попов бр 1-4/15,
1000 Скопје

Phone: 02 32 32 510

Mobile: 078 339 502

Go to Top