АКАДЕМИЈА Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование, центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства и вештини.
За таа цел АКАДЕМИЈА Ц.Е.С. Ве поканува на онлајн обука на тема:
ГОДИШЕН ПЛАН ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЗА 2021 ГОДИНА, ПОСТАПКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ СО ОСВРТ И ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР
која ќе се одржи ОНЛАЈН на ден 20.08.2020
- ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА ОБУКА?
Обуката е наменета за директори, правници, вработени во секторот за човечки ресурси и сите заинтересирани за оваа проблематика , предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса како и за сите останати заинтересирани лица. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.
- ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА
- Пополнување на работни места во јавниот сектор
- Законски основ за подготовка на годишниот план;
- Обврска за планирање на вработувањата;
- Постапка за донесување на годишен план за вработување;
- Надлежни органи кои даваат согласност и мислење на планот;
- Што во случај на недобивање согласност;
- Ненавремено постапување по планот од страна на органите надлежни за давање согласност;
- Неправилности во поглед на донесувањето на годишни планови за вработување;
- Временска рамка на постапката за донесување на планот;
- Форма и содржина на годишниот план за вработување
- Како правилно треба да се прикаже постојната состојба на вработени во институцијата;
- Прикажување на вработените на кои треба да им престане работниот однос по основ на пензионирање, но може да го искористат законското право да продолжат со работа;
- Податоци за движења на вработените во рамки на институцијата и/или јавниот сектор;
- Предвидување и планирање на нови вработени;
- Најчести грешки при пополнување на годишните планови;
- Извештај за реализација на годишниот план;
- Изменување и дополнување на годишниот план за вработување.
- Случаи кога не е направено планирање на вработувања
- Екипирање кадар во законска постапка надвор од рамките на годишниот план за вработување;
- Непредвидливи случаи кои доведуваат до потреба од измена на планот;
- Одговорност при непочитување на одредбите за спроведување на постапката за донесување на годишниот план за вработување.
Предавач-експерт со долгогодишно практично искуство во областа: Андријана Матлиоска
Во прилог Ви доставуваме:
За пријавување на учество во оваа обука потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот.
Краен рок на доставување на пријавите е 13.08.2020
Поради ограничениот број на учесници на обуката Ве молиме за навремена достава на пријавите
Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.
Контакт лице
- АКАДЕМИЈА ЦЕС
- тел./факс ++389 2 32- 32- 510
- моб.075-225-526
- моб. 078-339-502
- веб сајт https://ces.mk
- е-маил trainingcenterces@gmail.com