Од​​ 11.02 2019 до 17.02.2019 се​​ ОДРЖА​​ ОБУКА ЗА ФАСИЛИТАТОРИ ЗА СЕМЕЈНА ПИСМЕНОСТ​​ 

 

Во периодот од​​ 11.02-17.02.2020​​ година двајца претставници-експерти од​​ тимот на Академија​​ ​​ Ц.Е.С. беа присутни на 5-дневниот настан за обука​​ на сите преставници од партнер организациите од Бугарија, Словенија, Македонија, Романија и Португалија. Настанот се одржа во​​ градот​​ Тадим во​​ Португалија

 

На настанот​​ учествуваа 15 учесници​​ од​​ партнерските​​ организации на проектот​​ Семејната Писменост Функционира

.

Целта на овој настан беше​​ обука на обучувачите да​​ пилотираат наставна програма​​ и​​ методологија​​ за фасилитатори за семејна писменост,​​ материјали за обука​​ и​​ податоци во рамките на истражувањето

 

 

 

 

 

ВО ПЕРИОДОТ ОД 12 ДО 15 ЈУЛИ 2018 ГОДИНА СЕ ОДРЖА ОБУКА ЗА​​ ПИЛОТИРАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ФАСИЛИТАТОРИ ЗА СЕМЕЈНА ПИСМЕНОСТ

 

 

Семејна писменост е термин кој ја опишува заедничката работа на родителите и децата или пошироко возрасните и децата во рамките на едно семејство, ни го покажува начинот на кој родителите, семејството и членовите на заедницата им помагаат на децата (или​​ меѓусебно си помагаат на релација возрасен – возрасен) во поглед на описменување, помош во текот на образовниот процес, воспитување, поттикнување на читањето, вон училишните активности, откривање на таленти, помош при одредени потешкотии со кои се соочува детето од разновидна природа,справување со проблеми, социјална и општествена култура (поттик за соодветно однесување на детето со други деца или возрасни), кодекси на однесување.

 

Тренинг центарот​​ ​​ Ц.Е.С., како дел од овој проект, одржа пилот обука за фасилитатоpи за семејна писменост,каде што беа вклучени 10 лица,​​ од образовниот систем:​​ наставници и професори​​ од​​ државни и приватни училишта.