18.12.2017 -Одбележување 30 години од Еразмус и промоција на добри практики од имплементираните проекти
Валоризациона конференција, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
На ден 18.12.2017 Директорката на Тренинг центар Ц.Е.С.-г-ѓа Дијана Зафировска, како и многу наставници и професори, претставници од јавниот сектор и активисти во граѓанскиот сектор земаа учество на Валоризационата конференција, која што се одржа во Скопје, како дел од циклусот на промотивни активности за програмата „Еразмус плус“ во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија.
На оваа конференција претставници на Националната Агенција ја претставија програмата на Еразмус+, на Европската комисија, наменета за образование и обука и млади како и иницијативите на ЕУ, „Еуропас“ и „Евридика“.
Програмата Еразмус+ цели кон зголемување на знаењето и професионалните способности, а воедно ја подржува модернизацијата во овие области, пропорционално на тоа нуди можности за аплицирање во различни акции достапни за студенти, ученици, младински работници, професори, наставници, како и останати лица активни во областите кои ги поддржуваат образованието, обуката, младите и спортот-посочи директорката на Националната агенција Лидија Димова.
Тренинг центар Ц.Е.С ги презентираше резултатите од овој проект каде што за постигнатите резултати овој проект доби сертификат за најдобра практика од ЕК и има ознака за квалитет: https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/projects/eplus-project-details/#project/2014-1-MK01-KA204-000246.