Администраторот, како што уште се нарекува деловен асистент, има различна улога споредено од една до друга компанија, меѓутоа постојат неколку основни вештини кои мора да ги поседува со цел успешно да одговори на работните обврски. Во денешно време од деловниот асистент се очекува да извршува постојано повеќе работни активности истовремено, што од него бара силно чувство за организираност. Во една современа компанија деловниот асистент се повеќе добива улога на финансиски асистент или лице за контакт на надворешното или внатрешното сметководствено одделение.
Поради важноста која ја има деловниот асистент за работењето на едно претпријатие, без разлика на неговата големина, АКАДЕМИЈА ЦЕС повторно го поставува модулот за деловен асистент.
За време на часовите ќе се запознаете со неколку сегменти односно:
- финансии,
- обврски од област на човечки ресурси,
- општи и правни работи,
- канцелариско и архивско работење,
- деловна етика
- организација на работното место.
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА
Деловна етика, работно место
– Почитување и примена на начелата за деловна и службена тајна
– Комуникација со клиенти и вработени
– Подготовка за состаноци, промоција, презентација и службени патувања
– Планирање и изговување на распоред на работни активности
– Деловна етика
– Организација на работен простор
2. Финансии
– Размена на информации со книговодство
– Запознавање со клучни сметководствени термини
– Водење на сметководствена евиденција со користење на Ексел
– Пратење на рокови за финансиски обврски
– Изготвување на основни финансиски документи
– Водење на Книги на влезни/излезни фактури
– Водење на благајна
3. Договори за вработување – М1/М2
– Договор за вработување (основни елементи, форма, содржина, склучување, измени и престанување на важност на договор)
– Објавување на оглас за ново вработување
– Раскинување договор за работа
– Пријавување во задолжително социјално осигурување (М1)
– Одјавување од задолжително социјално осигурување (М2)
4. Општи и правни работи
– Изработување на договори (елементи на договори)
– Решение за годишен одмор; Користење на годишен одмор (услови)
– Дописи, известувања, одлуки (форма и елементи)
5. Канцелариско и архивско работење
– Предмет, цел и содржина на закон за архивски материјал
– Цели и принципи на канцелариско и архивско работење
– Примање и издавање на документи
– Запознавање со упатството за канцелариско и архивско работење
– План на архивски знаци/листа на архивски материјал
– Листа на документарен материјал со рокови за негово чување
– Водење на деловодник
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА
Обуката е наменета за почетници во административната работа, студенти, вработени лица на позиција деловен асистент, администратор, офис менаџер, секретар/ка, како и лица кои имаат допирна точка со административното работење, активно го практикуваат на базична основа и сакаат ВИСТИНСКИ ДА ГО НАУЧАТ!
Обуката ја изведуваат искусни предавачи и експерти од областите кои ќе бидат покриени.
ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА
- Времетраењето на програмата: 4 доаѓање по 4 часа, по договор според утврдена динамика.
- Почеток на обуката: Веднаш по формирање на група.
- Каде: Во просториите на Академија ЦЕС.
Сподели ја обуката:
ОСТАНАТИ ОБУКИ
Обука за естетичар за нокти
Програмата “ЕСТЕТИЧАР ЗА НОКТИ – ДЕКОРАТИВЕН МАНИКИР ” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката.