Администраторот, како што уште се нарекува деловен асистент, има различна улога споредено од една до друга компанија, меѓутоа постојат неколку основни вештини кои мора да ги поседува со цел успешно да одговори на работните обврски. Во денешно време од деловниот асистент се очекува да извршува постојано повеќе работни активности истовремено, што од него бара силно чувство за организираност. Во една современа компанија деловниот асистент се повеќе добива улога на финансиски асистент или лице за контакт на надворешното или внатрешното сметководствено одделение.

Поради важноста која ја има деловниот асистент за работењето на едно претпријатие, без разлика на неговата големина, АКАДЕМИЈА ЦЕС повторно  го поставува модулот за деловен асистент.

За време на часовите ќе се запознаете со неколку сегменти односно:

  • финансии,
  • обврски од област на човечки ресурси,
  • општи и правни работи,
  • канцелариско и архивско работење,
  • деловна етика
  • организација на работното место.

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

Деловна етика, работно место 

–    Почитување и примена на начелата за деловна и службена тајна
–    Комуникација со клиенти и вработени
–    Подготовка за состаноци, промоција, презентација и службени патувања
–    Планирање и изговување на распоред на работни активности
–    Деловна етика
–    Организација на работен простор

2.   Финансии 

–    Размена на информации со книговодство
–    Запознавање со клучни сметководствени термини
–    Водење на сметководствена евиденција со користење на Ексел
–    Пратење на рокови за финансиски обврски
–    Изготвување на основни финансиски документи
–    Водење на Книги на влезни/излезни фактури
–    Водење на благајна

3.   Договори за вработување – М1/М2 

–  Договор за вработување (основни елементи, форма, содржина, склучување, измени и престанување на важност на договор)
–    Објавување на оглас за ново вработување
–    Раскинување договор за работа
–    Пријавување во задолжително социјално осигурување (М1)
–    Одјавување од задолжително социјално осигурување (М2)

4.  Општи и правни работи

–    Изработување на договори (елементи на договори)
–    Решение за годишен одмор; Користење на годишен одмор (услови)
–    Дописи, известувања, одлуки (форма и елементи)

5.  Канцелариско и архивско работење 

–    Предмет, цел и содржина на закон за архивски материјал
–    Цели и принципи на канцелариско и архивско работење
–    Примање и издавање на документи
–    Запознавање со упатството за канцелариско и архивско работење
–    План на архивски знаци/листа на архивски материјал
–    Листа на документарен материјал со рокови за негово чување
–    Водење на деловодник

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА

Обуката е наменета за почетници во административната работа, студенти, вработени лица на позиција деловен асистент, администратор, офис менаџер, секретар/ка, како и лица кои имаат допирна точка со административното работење, активно го практикуваат на базична основа и сакаат ВИСТИНСКИ ДА ГО НАУЧАТ!

Обуката ја изведуваат искусни предавачи и експерти од областите кои ќе бидат покриени.

ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА

  • Времетраењето на програмата: 4 доаѓање по 4 часа, по договор според утврдена динамика.
  • Почеток на обуката:  Веднаш по формирање на група.
  • Каде: Во просториите на Академија ЦЕС.
Ви благодариме за интересот! Во моментов, пријавувањата се завршени. Ве охрабруваме да ја посетите нашата веб-страница повторно и следете нè на социјалните мрежи за да останете информирани кога ќе се отворат апликациите. Ви благодариме!

Сподели ја обуката:

ОСТАНАТИ ОБУКИ

2024-01-17T18:12:10+01:00

Специјализирана обука за педикир

Факт е дека клиентите одат во козметички салони не само за да добијат најдобро негувано тело и лице, туку и затоа што имаат меѓусебен заеднички однос со својот козметичар кој е полн со разбирање и почит према нив и прави да се чувствуваат како звезди

2024-01-17T18:09:18+01:00

Специјализирана обука за најновата гел акрил техника & микс декоративни техники за цртање со акрилни бои

Гелакрил е техника која ги опфаќа најпозитивните особености од двете техники со цел олеснување и забрзување на процесот за изработка на нокти.

2024-01-17T18:10:20+01:00

Специјализирана обука за естетичар за депилација

За време на обуката ќе научите што значи професионален однос кон клиенти, успешна и квалитетна комуникација, како да изградите добар имиџ на салонот и да остварите успешно работење.

2024-01-17T18:06:39+01:00

Обука за фризер

Обуката за Женски Фризер опфаќа обука на учесниците за целосно изучување на фризерскиот занает, од основите на занимањето, обликување на коса, техники на фенирање, шишање, бојадисување како и правење фризури, се разбира тоа е само дел од знаењето и вештините кои ќе ги совлада секој слушател.

2024-01-17T16:13:16+01:00

Обука за козметичар за нега на лице и тело

Обуката за Козметичар за нега на лице и тело се реализира по програма верификувана од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование на Северна Република Македонија Добиениот сертификат од оваа обука има статус на државна диплома.

2024-01-17T18:12:47+01:00

Обука за јапонско исцртување на веѓи/microblading+пудер техника/сенчење

Досегашната техника за нанесување на трајна шминка на веѓите со исцртување на две тенки линии со апарат, веќе е надмината. Чекор напред е направен со т.н. јапонска техника за трајно исцртување на веѓи.