Project Description

Што треба да знаете за канцелариското и архивското работење

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

Една од основните задачи на секој правен субјект е правилно водење на канцелариското и архивското работење. Правилното постапување со документарниот и со архивскиот материјал е клучен сегмент во деловното работење

Теми за обуките

Значење на канцелариско и архивско работење

  • Техники за водење на канцелариско и архивско работење
  • Процедурите за следење на патот на документите и предметите – од прием, па сè до разведување;
  • Попис и опис на архивскиот материјал;
  • Одбирање на архивскиот од документарниот материјал и предавање на материјалот до надлежниот архив;
  • Постапка за уништување на документарниот материјал
  • Водење деловодник и помошни евиденции и административно-техничка обработка на документите, со практични примери и вежби;
  • Евиденција и пополнување на печати и штембили;
  • Класифицирање на документите по архивски знаци;
  • Заштита на документацијата од оштетување и уништување;
  • Правила и техники во канцелариско и архивско работење

Правила и техники за заведување на документите и за водење на деловодникот и други книги за евиденција;

  • Почеток на водење и заклучување на деловодникот;
  • Разведување на документи/записи во деловодникот;
  • Водење на е-деловодник и негова усогласеност со рачното водење на деловодникот;
  • Движење на документите, водење книги за евиденција и распоредување на документите во работа по вработен;
  • Евиденција и употреба на печати и штембили;
  • Овластувања за водење деловодник и е-деловодник, прием на пошта и користење на печати и штембили;
  • Специфични ситуации и проблеми од практиката што се јавуваат при водењето на деловодник кај големи правни лица и кај институции со широка организациска структура;
  • Најчесто поставувани прашања поврзани со електронското водење на архивата (е-архива и е-деловодник).

Архивско работење

  • План на архивски знаци, листа на архивски материјал и листа на документарен материјал, со рокови за негово чување;
  • Одбирање  на  архивскиот од  документарниот материјал;
  • Евидентирање (попис и опис) на архивскиот материјал;
  • Категоризација на архивскиот материјал;
  • Попишување на документарниот материјал на кој му изминал рокот за чување;
  • Постапка за уништување на документарен материјал со изминат рок за чување;
  • Простор, опрема и услови за чување и заштита на архивскиот и на документарниот материјал;
  • Предавање на јавниот архивски материјал на трајно чување во Државниот архив.

Практични примери и вежби

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА

  • За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како административни асистенти или архивари;
  • За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
  • За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата;

ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА

  • Локација: Во просториите на Академија ЦЕС
  • Дата на почеток-веднаш по оформување на група

СЕРТИФИКАТ

Кандидатите, кои успешно ќе ја завршат обуката добиваат сертификат за стекнати знаења, вештини, способности и компетенции за Канцелариско и Архивско работење

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА

  • Контакт телефон – (02) 3232 510, 075-457-334 или 078 339 502

Сподели ја обуката:

ОСТАНАТИ ОБУКИ