Project Description
Програмата “Службеник во сметководство” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на основни (почетни) теоретски и практични знаења и умеења за водење на сметководствената евиденција и утврдувањето на резултатите од работењето. Стекнатите вештини ќе им помогнат на кандидатите полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, вербални (усно изложување, разговор), визуелни, практични методи (практична работа- вежби) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката.
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено-тестови на знаења на определени тематски целини и сегменти, практична работа – вежби и на завршниот испит..
Структурата на програмата за “Службеник во сметководство” е следна:
- стручно-теоретски дел,
- практична обука и
- проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).
- Стручно-теретскиот дел од обуката ќе се реализира во простории опремени со работни маси за секој учесник, компјутери со сметководствен програм за секој учесник , интернет, аудио и видео опрема и сл.
- Практичната обука ќе се реализира во современо опремена канцеларија со компјутери со инсталиран сметководствен програм каде секоја наставна целина паралено со теоретскиот дел ке се работи и на сметководствен програм на компјутер, кандидатите ке добијат работни материјали со кои вистински се срекаваат во праксата и истите ке ги книжат во сметково дствен програм инсталиран на компјутер,
Со кандидатите во теоретскиот и практичниот дел ќе работат Сметководители- Професор со повеќегодишно практично работно искуство, со завршено високо образование, VII/1 степен, дипломиран економист
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА
МОДУЛ 1 -ОСНОВИ НА СМЕТКОВОДСТВОТО-
- Поим, улога и значење на сметководствениот информационен систем
МОДУЛ 2- СРЕДСТВА, ОБВРСКИ И КАПИТАЛ
- Поим и класификација на средствата и изворите на претпријатието
- Сметководствена равенка за пресметување на капиталот
МОДУЛ 3- СОДРЖИНА НА СМЕТКОВЕН ПЛАН
- Поим и содржина на сметковниот план
- Поим и правила за книжење на сметките и сметководствените настани
МОДУЛ 4- ЕВИДЕНЦИЈА НА ПОСТОЈАНИТЕ (НЕТЕКОВНИ) СРЕДСТВА
- Поим, карактеристики и
- Видови на постојаните средства (нематеријални, материјални вложувања, материјални вложувања и долгорочни финансиски вложувања)
МОДУЛ 5-ЕВИДЕНЦИЈА НА ТЕКОВНИТЕ СРЕДСТВА (ПАРИЧНИ СРЕДСТВА, ПОБАРУВАЊА И КРАТКОРОЧНИ ФИНАНСИСКИ ВЛОЖУВАЊА)
- Поим, карактеристики и поделба на тековните средства
- Изработка и книжење на касов извештај
- Книжење на банков извод
- Евиденција на побарувањата краткорочните финансиски вложувања
- Евиденција на постојаните средства
МОДУЛ 6-ЕВИДЕНЦИЈА НА СУРОВИНИТЕ И МАТЕРИЈАЛИТЕ, РЕЗЕРВНИТЕ ДЕЛОВИ И СИТНИОТ ИНВЕНТАР
- Набавка на суровините и материјалите, резервните делови и ситниот инвентар и нивно примање на залиха по набавна цена
- Оформување на документација при набавка и изработка на калкулација за пресметка на набавна цена и планска цена
МОДУЛ 7- ЕВИДЕНЦИЈА НА ГОТОВИ ПРОИЗВОДИ
- Евиденција на готовите производи по цена на чинење
- Евиденција на продажбата на готови производи
- Евиденција на реализацијата на трговски стоки на големо и мало
МОДУЛ 8-ЕВИДЕНЦИЈА НА ТРГОВСКИ СТОКИ
- Евиденција на набавка на трговска стока во магацин по набавни и продажни цени
- Изработка на калкулација за пресметка на набавни цени и продажни цени
- Евиденција на набавката на стоки во продавница
- Евиденција на увозот и извозот на трговски стоки
МОДУЛ 9-ТРОШОЦИ ВО ПРЕТПРИЈАТИЕ
- Дефинирање на трошоците во претпријатие
- Поимот на трошоци
- Видови на трошоци
- Документи за трошоците
- Евиденција на услугите со карактер на материјални трошоци
- Поим и видови на амортизацијата
- Методи за пресметка на амортизацијата
- Поим и видови на нематеријални трошоци
- Поим и видови на плати и надоместоци од плати
- Затварање на сметките на трошоци
МОДУЛ 10-ЕВИДЕНЦИЈА НА ПРИХОДИТЕ И РАСХОДИТЕ
- Поим, видови и карактеристики на расходите
- Поим, видови и карактеристики на приходите
МОДУЛ 11-ПОИМ И УТВРДУВАЊЕ НА ФИНАНАСИСКИ РЕЗУЛТАТ
- Поим, утврдување на добивка и распределување на добивката
- Поим, утврдување на загуба и покривање на загубата
МОДУЛ 12-ЕВИДЕНЦИЈА НА КАПИТАЛОТ И РЕЗЕРВИТЕ
- Дефинирање на поимот на капиталот и резервите
- Групирање на капиталот и резервите
- Евиденција на капиталот и резервите
МОДУЛ 13-ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАJ – изработка на завршна сметка
- Поим и изработка на биланс на состојба (извештај за финансиската состојба)
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА
- За сите оние кои сакаат да градат кариера во областа на финансикото и сметководствено работење
- Невработени лица кои сакаат да се квалификуваат за професија-службеник во сметководство Сите останати кои се незадоволни од досегашната своја квалификација и сакаат промена “ нова струка” а со тоа и можност за нова или дополнителна работа
Потребни предзнаења
Не е потребно – само воља и желба за лична промена и личен напредок
ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА
Локација: Во просториите на Академија ЦЕС
Датум за почеток – веднаш по формирање на група!
СЕРТИФИКАТ
Кандидатите, кои успешно ќе ja завршат oбуката добиваат сертификат за стекнати знаења, вештини, способности и компетенции за професијата СЛУЖБЕНИК ВО СМЕТКОВОДСТВО.
Обуката за СЛУЖБЕНИК ВО СМЕТКОВОДСТВО се реализира по програма верификувана од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование на Република Северна Македонија
Добиениот сертификат од оваа обука има статус на државна диплома-признаена во земјата и во странство.
Разлика помеѓу државен сертификат и сертификат од фирма
Со државен сертификат можеш:
- Да се вработиш како квалификуван СЛУЖБЕНИК ВО СМЕТКОВОДСТВО
- Да учиш по програма одобена според сите државни образовни стандарди
- Нема да те прогонуваат инспекции, бидејќи ќе имаш лиценца за работа
Со сертификат од фирма
- Неможеш да се вработиш како СЛУЖБЕНИК ВО СМЕТКОВОДСТВО – бидејќи немаш соодветна лиценца
- Добиваш сертификат само со печат од фирмата
- Учиш по програма која не е одобрена од институција туку од некој кој сам ја напишал и пред се не е верификувана од надлежни институции.
- Ке имаш проблем со инспекција- бидејќи немаш лиценца за работа
- Сето тоа ќе резултира со губење време и насочување на паричните средства на несоодветно место, а времето ни е најдрагоценото нешто
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА
Добиениот сертификат од оваа обука има статус на државна дипломa- Единствени признаени дипломи во земјата и во странство!
Контакт телефон – 078 339 502 или (02) 3232 510
Сподели ја обуката:
ОСТАНАТИ ОБУКИ
Обука за естетичар за нокти
Програмата “ЕСТЕТИЧАР ЗА НОКТИ – ДЕКОРАТИВЕН МАНИКИР ” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката.