АКАДЕМИЈА ЦЕС веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства и вештини.

За таа цел АКАДЕМИЈА Ц.Е.С. ве поканува на обука на тема:

која ќе се одржи во просториите на АКАДЕМИЈА ЦЕС  на ден 12.11.2020

Спроведување на попис на средства, побарувања и обврски, усогласување на фактичка и сметководствена состојба во деловните книги кај трговските друштва и буџетските корисници 

  • ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА ОБУКА?

Обуката е наменета за лицата вработени во сектор финансии и сметководство од сите државни институции, како и за сите останати заинтересирани лица. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

 

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

  1. Попис на средства и обврски кај буџетски корисници и трговските друштва:
    • Законска регулатива,
    • Фази на спроведување на попис,
    • Формирање на комисии за попис,
    • Членови на комисии за попис,
    • Рокови за започнување и завршување на попис,
    • Утврдување на фактичка состојба,
    • Попис на постојани средства со примери,
    • Попис на залихи со примери,
    • Попис на побарувања и обврски со примери,
    • Попис на парични средства,
    • Содржина Извештај за извршен попис,
    • Разгледување на Извештај,
    • Усогласување на фактичка со сметководствена состојба,
  1. Амортизација и ревалоризација кај буџетски корисници и трговските друштва:
    • Законска регулатива,
    • Амортизација кај буџетски корисници согласно законска регулатива,
    • Амортизација кај трговските друштва согласно МСС/МСФИ и Уредбата,
    • Сметководствени начела за пресметка на амортизација кај двата сметководствени системи,
    • Ревалоризација,
    • Обрасци за пресметка на ревалоризација,
  1. Пополнување на даночен биланс „ДБ“ од страна на буџетски корисници и трговски друштва:
    • Одложени даночни средства и обврски,
    • Утврдување на финансиски резултат,
    • Непризнаени расходи за даночни цели,
    • Даночна основа и намалување на даночна основа,
    • Пополнување на даночен биланс „ДБ“ од страна на буџетски корисници.
  1. Трошоци поврзани со корона вирус:
    • Дополнителни трошоци,
    • Даночен третман.
  1. Даночен третман на донации за поддршка на корона вирус:
    • Уредба за примена на Законот за ДДВ,
    • Ослободување од оданочување,
    • Уредба за примена на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности,
    • Даночни поттикнувања,
    • Обврска на буџетските корисници,
    • Останати донации.

Предавачи-експерти со долгогодишно практично искуство во областа:

  • Г-дин Бранислав Гулев, Советник за унапредување на ревизијата во Државен завод за ревизија

 

По завршување на обуката Академија ЦЕС Ви овозможува  консалтинг услуга која ќе Ви овозможи слободно да ни  се обратите  за секое прашање или дилема поврзано  со темата, а нашиот предавач ќе помогне во решавање на истото. Прашањата треба да бидат  адресирани на меил адресата trainingcenterces@gmail.com

Во прилог Ви доставуваме:

За пријавување на учество во оваа обука потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот .

Краен рок на доставување на пријавите е 10.11.2020.

Поради ограничениот број на учесници на обуката Ве молиме  за навремена достава на пријавите

 

Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

 Контакт