АКАДЕМИЈА Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование, центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, вештини.
За таа цел АКАДЕМИЈА Ц.Е.С. ве поканува на онлајн обука на тема:
Спроведување на постапки со прегварање без објавување на оглас во услови на прогласена пандемија COVID 19
која ќе се одржи на ден 26.08.2020
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА ОБУКА?
- Обуката е наменета за договорни органи, за нивните одговорни лица и лица што работат во сектор за јавни набавки, како и за сите останати заинтересирани лица. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.
ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА
- Карактеристики на постапката:
- Исклучителна постапка согласно ЗЈН;
- Нетранспарентна постапка;
- Можност за субјективно однесување на главните учесници во постапката;
- Недостаток од контролни мханизми и
- Можност за појава на коруптивни дејствија.
- Исполнетост на предвидениот законски предуслов за примена на постапката:
- Препорака за нејзино минимално користење и последен избор на секој договорен орган;
- Два основни принципи на Европскиот суд на правда во однос на нејзино користење:
А) Рестриктивно толкување на условите за примена и
Б) Одговорност кај Договорниот орган за докажување на исполнетоста на условите за користење.
- Процедура за спроведување на постапката:
- Одлука за набавка;
- Поканување на економски оператори;
- Записничко водење преговори;
- Конечна понуда;
- Извештај од спроведена постапка;
- Одлука за избор;
- Известување за доброволна претходна транспарентност ?!
- Договор;
- Известување за склучен договор (со назнака COVID 19) !
- Одговорност на Договорниот орган за спроведување на постапката.
- Улога на лицата/комисијата за јавни набавки во ваквите постапки;
- Улогата на одговорното лице;
- Искуства од извршена ревизија на ваквите постапки.
Предавач-експерт со долгогодишно практично искуство во областа на јавните набавки:
- Г-ѓа Анета Стевковска
Во прилог Ви доставуваме:
За пријавување на учество во оваа обука потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот .
Краен рок на доставување на пријавите е 20.08.2020
Поради ограничениот број на учесници на обуката Ве молиме за навремена достава на пријавите
Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.
Контакт
- АКАДЕМИЈА ЦЕС
- тел./факс ++389 2 32- 32- 510
- моб.075-225-526
- моб. 078-339-502
- веб сајт https://ces.mk
- е-маил trainingcenterces@gmail.com