УСОВРШУВАЊЕ НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИОТ КАДАР ОД КАРПОШ

2022-06-28T12:14:52+02:00

УСОВРШУВАЊЕ НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИОТ КАДАР ОД КАРПОШ Во име на Општина Карпош, градоначалникот Стевчо Јакимовски денеска потпиша Меморандум за соработка со Академијата ЦЕС, која во претстојниот период ќе спроведе бесплатни професионални обуки за усовршување на наставниците од десетте основни училишта на територија на локалната самоуправа. Инаку, Академијата ЦЕС е компанија која повеќе од 21 година работи активно на развој на човечкиот капитал. Во таа насока, академијата реализирала повеќе од 520 обуки, семинари и конференции, при што обучила над 35.000 учесници и со самото тоа изградила база од над 500 врвни експерти од различни образовни области. Станува збор за акредитирана установа од [...]