ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С. ГИ ПОЧИТУВА МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19, ОБЕЗБЕДУВАЈКИ РАСТОЈАНИЕ, ЗАШТИТНА ОПРЕМА И ДЕЗИНФЕКЦИЈА
Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование, центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, вештини.
За таа цел ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С. ве поканува на обука на тема:
ПОПОЛНУВАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ВРАБОТУВАЊЕ ПРЕКУ ЈАВЕН ОГЛАС И РАЗГРАНИЧУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕТО НАСПРЕМА АНГАЖИРАЊЕТО НА ЛИЦА СО ДОГОВОР ЗА ДЕЛО
која ќе се одржи во просториите на Тренинг Центар ЦЕС на ден 30.06.2020
- ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА ОБУКА?
Обуката е наменета за директори, правници, вработени во секторот за човечки ресурси и сите заинтересирани за оваа проблематика , предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса како и за сите останати заинтересирани лица. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.
- ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА
ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА:
- Работен однос и претпоставки за негово постоење
- Детерминирање на одреден однос како работен
- Поимно разграничување на вработувањето наспрема ангажирањето на лица
- Начини на пополнување на работни места
- Вработување во јавниот сектор
- Законски основ за вработување во јавниот сектор
- Видови на вработување
- Вработување на неопределено
- Услови за вработување на неопределено време
- Законска обврска за планирање на вработувањата со годишен план за вработување
- Значење на донесување на годишен план за вработување и последици од недонесување на годишен план за вработување
- Финансиска согласност
- Постапка за вработување на неопределено време
- Чекори при постапка за вработување на административни службеници
- Чекори при постапка за вработување на даватели на јавни услуги и помошно технички лица
- Вработување на неопределено
- Вработување на определено време
- Поим и дозволеност за вработување на определено време
- Услови за вработување на определено време
- Чекори при постапка за вработување на определено време
- Ангажирање на лица во јавниот сектор
- Засновање работен однос наспрема ангажирање со договор за дело
- Сличности на вработување и ангажирање
- Законски основ за ангажирање на лице со договор за дело
- Постапка и услови за ангажирање лица во јавниот сектор
- Услови за ангажирање согласно Законот за трансформација во редовен работен однос
- Предности и можности при ангажирањето на лица
- Влијание и ефекти од долготрајно ангажирање наместо вработување на лица
- Новитети во однос на вработувањето и ангажирањето на лица во јавниот сектор како последица од вондредната состојба
- Надзор над постапките за вработување во јавниот сектор
- Последици од неправилна примена на законските одредби при вработување и ангажирање на лица
- Одговорност при непочитување на одредбите за вработување и неправилна примена на одредбите за ангажирање на лица
Предавач-експерт со долгогодишно практично искуство во областа:Андријана Матлиоска
Во прилог Ви доставуваме:
За пријавување на учество во оваа обука потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот. Краен рок на доставување на пријавите е 23.06.2020
Поради ограничениот број на учесници на обуката Ве молиме за навремена достава на пријавите
Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.
Контакт лице
- Андријана Јаневска
- Тренинг Центар ЦЕС
- тел./факс ++389 2 32- 32- 510
- моб.075-225-526
- моб. 078-339-502
- веб сајт https://ces.mk
- е-маил trainingcenterces@gmail.com