АКАДЕМИЈА ЦЕС веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование, центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства и вештини.
За таа цел АКАДЕМИЈА Ц.Е.С. ве поканува на обука на тема:
која ќе се одржи во просториите на АКАДЕМИЈА ЦЕС на ден 26.11.2020
Пополнување на работните места во јавниот сектор – постапка за вработување, унапредување и мобилност
- ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА ОБУКА?
Обуката е наменета за директори, правници, вработени во секторот за човечки ресурси и сите заинтересирани за оваа проблематика , предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса како и за сите останати заинтересирани лица. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.
ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА
- Начини на пополнување на работните места
- Општи и посебни услови за пополнување на работните места
Вработување на адмнистративни службеници
- Обврска за планирање на административните службеници
- Барање за објавување на јавен оглас
- Објавување на јавен оглас
- Пријава за вработување на административни службеници
- Комисија за селекција на кандидати
- Фази на постапката за селекција (административна селекција, испит за административен службеник и интервју, базирано на компетенции)
- Избор на кандидати
- Одлука за избор
- Решение за стекнување на статус на административен службеник
Унапредување на административен службеник
- Барање за објавување на интерен оглас
- Интерен оглас
- Комисија за селекција за унапредување
- Постапка за селекција за унапредување
- Одлука за избор
- Решение за унапредување на административен службеник
Видови на вработувања во јавниот сектор
- Видови вработувања
- Вработување на определено време
- Вработување на неопределено време
Мобилност на вработените во јавниот сектор и правото на мирување на работен однос
- Мобилност преку распоредување
- Правен основ и услови за распоредување
- Мобилност преку преземање
- Постапка за преземање
- Мирување на работен однос
- Споредба на ЗРО и ЗВЈС во поглед на правото на мирување на работниот однос
Предавачи-експерти со долгогодишно практично искуство во областа:
- Александра Лулкоска – Министерство за финансии
По завршување на обуката Академија ЦЕС Ви овозможува консалтинг услуга која ќе Ви овозможи слободно да ни се обратите за секое прашање или дилема поврзано со темата, а нашиот предавач ќе помогне во решавање на истото. Прашањата треба да бидат адресирани на меил адресата trainingcenterces@gmail.com
Во прилог Ви доставуваме:
За пријавување на учество во оваа обука потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот .
Краен рок на доставување на пријавите е 23.11.2020.
Поради ограничениот број на учесници на обуката Ве молиме за навремена достава на пријавите
Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.
Контакт
- АКАДЕМИЈА Ц.Е.С.
- тел./факс ++389 2 32- 32- 510
- моб.075-225-526
- моб. 078-339-502