Project Description

Програма Леонардо да Винчи
– стручно образование и обука

Програмата за доживотно учење: можности за образование и обука за сите. Програмата за доживотно учење на Европската комисија им овозможува на луѓето во сите фази од нивниот живот да учествуваат во стимулирање на искуства за учење, како и помагање во развојот на секторот за образование и обука низ цела Европа.

Програмата Леонардо да Винчи им помага на европските граѓани да се здобијат со нови вештини, знаења и квалификации и да ги признаат преку границите со цел да ја подобрат нивната способност за вработување при промена на пазарот на трудот. Исто така, поддржува иновации и подобрувања во системите и практиките за стручно образование и обука. Програмата Леонардо да Винчи го поддржува развојот на вештини и обука, финансира работни места за специјализанти, работници и вработени и поддржува европски проекти за дискутирање на заеднички прашања или развој на материјали за обука, курсеви и рамки.

Академија ЦЕС оствари подготвителна тридневна посета во 2013 година при домаќин организација  АБФ од Шведска на која се дискутираше за

Нови стручни компетенции и квалификации, подобрување на системот и практиките на стручното образование и обука, развој на нови програми за обука

На состанокот се диксутираше за заеднични прашања поврзани со развој на модели за обуки, материјали, курсеви итн

Leonardo da Vinci Programme
– Vocational Education and Training

The Lifelong Learning Programme: education and training opportunities for all. The European Commission’s Lifelong Learning Programme enables people at all stages of their lives to take part in stimulating learning experiences, as well as helping to develop the education and training sector across Europe.

Leonardo da Vinci Programme is helping European citizens to acquire new skills, knowledge and qualifications, and have them recognized across borders in order to improve their employability on changing labour markets. It also supports innovations and improvements in vocational education and training systems and practices. Leonardo da Vinci Programme supports the development of skills and training, funds work placements for trainees, workers and staff, and supports European projects discussing common issues or developing training materials, courses and frameworks.

CES Academy realized a preparatory three-day visit in 2013 hosted by the ABF organization from Sweden to discuss new professional competencies and qualifications, improvement of the system and practices of vocational education and training, development of new training programmes. Common issues related to the development of training models, materials, courses, etc. were discussed at the meeting.

Студиска посета во Шведска, во рамките на програмата Леонардо да Винчи за Стручно образование и обука

Во текот на 2013 година, проектниот тим од Тренинг центарот ЦЕС, и претставници од секторот за развој на курикулуми за стручно образование и обука, остварија три дневна посета на организацијата АБФ од Шведска, со цел да се разменат искуства, добри практики и да се разгледаат можностите за идна стратегиска соработка, со фокус на секторот за лични услуги-Козметичар за нега на лице и тело, масер за козметичка масажа итн

АБФ е еден од најголемите тренинг центри во Шведска, кој работи во делот на образование за возрасни лица. АБФ е најголемата асоцијација за либерално образование за возрасни во Шведска. Кратенката се АБФ потекнува од Arbetarnas Bildningsförbund (Здружение за образование на работници).

Целта на либералното образование за возрасни е да промовира развој на поединците и да обезбеди образование и обука што ја поддржува кохезијата на општеството, еднаквоста и активното граѓанство, засновано врз принципот на доживотно учење. Суштински аспект на либералното образование на возрасните е дека секој има право да аплицира за да учествува во истото. Ваквото образование не обезбедува диплома или квалификација, која е регулирана со законодавството. Давателите на образовни услуги, ги определуваат целите и содржината на студиите. Како вакви провајдери на  образование за возрасни се јавуваат локалните власти, заедничките општински власти, здруженија, фондации и компании.

Демократијата, различноста, правдата и еднаквоста се темелите на работењето на АБФ. Во рамките на АБФ егистираат  52 локални / регионални гранки и национален Секретаријат. Секретаријатот го поддржува растот на активностите во рамките на организацијата, работејќи сеопфатно во областа на културата, интеграцијата, здравството, синдикатите, политиката, меѓународните студии и прашањата за инвалидитетот.

Посетата беше поддржана од програмата Леонардо да Винчи, која што е интегрален дел од програмата Доживотно учење и поддржува секакви форми на стручно образование и обука. Програмата Леонардо да Винчи го поддржува развојот на вештини и обука, финансира работни места за специјализанти, работници и вработени и поддржува европски проекти за развој на наставни програми и обука. Исто така, поддржува иновации и подобрувања во системите и практиките за стручно образование и обука. Оваа програма на децентрализирано ниво ја администрира Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Study visit in Sweden, within the Leonardo da Vinci Programme for Vocational Education and Training

In 2013, the project team from CES Training Centre and the CES VET team for curricula development, realized a three-day visit to the organization ABF from Sweden, in order to exchange experiences, good practices and to review opportunities for future strategic cooperation, with a focus on the personal services sector – beautician for face and body care, cosmetic masseur, etc.

ABF is one of the largest training centres in Sweden, working in the field of adult education. ABF is Sweden’s largest adult liberal education association. The abbreviation stands for Arbetarnas Bildningsförbund (Workers ’Educational Association).

The purpose of liberal adult education is to promote people’s versatile development and provide education and training that supports the cohesion of society, equality and active citizenship based on the principle of lifelong learning Essential aspect of liberal adult education is that everyone has the right to apply to take part in it. The education does not provide a degree or qualification, and its content is not governed by legislation. Education providers make all decisions on the objectives and content of the studies. Local authorities, joint municipal authorities, associations, foundations and companies appear as liberal adult education providers.

Democracy, diversity, justice and equality are the foundations of ABF’s operations. There are 52 local/regional branches and a national Secretariat within the ABF. The Secretariat supports the growth of operations within the ABF organization, working comprehensively in the fields of culture, integration, health, trade unions, politics, international studies and issues of disabled people.

The visit was supported by the Leonardo da Vinci Programme, which is an integral part of the Lifelong Learning Programme and supports all forms of vocational education and training. Leonardo da Vinci Programme supports the development of skills and training, funds job positions for apprenticeships, internships and employees and supports European curriculum development and training projects. It also supports innovations and improvements in vocational education and training systems and practices. This decentralized programme is administered by the National Agency for European Educational Programmes and Training.

Сподели ја обуката:

ОСТАНАТИ ПРОЕКТИ

2022-12-30T14:28:37+01:00

ERA+60

Целта на проектот е да се развие неформална пилот програма за оспособување на лица од третото животно доба (60+) како да ги користат компјутерите и паметните телефони во секојдневниот живот за комуникација и користење на јавни, социјални и останати услуги.

2022-10-17T20:39:48+02:00

EMPLOYMENT TRAINING

Подобување на вештините и компетенциите на невработени лица, во организација и реализација на Центар за одржлив развој “АЛКА”. Во овој проект Академија ЦЕС како верификуван провајдер на обуки, обучи 8 лица за стручно оспособување за занимање Декоративен маникир.

2022-10-17T20:58:51+02:00

DIGITAL SKILLS FOR YOUNG PEOPLE

Дигитализацијата бара од сите нас, независно од возраста и професијата, да стекнеме вештини кои ќе ни дозволат да ги користиме дигиталните технологии, како на нашето работно место така и во приватниот живот. Aкадемија Ц.Е.С. во соработка со Министерство за образование и наука, реализираа обуки за млади невработени лица до 29 години, со цел стекнување дигитални компетенции.

2022-10-17T21:06:03+02:00

DEVELOPING WORK BASED DUAL MODEL

Стратегиска определба на Центарот за обуки во Академија Ц.Е.С. е да се понудат квалитетни образовни програми што е во согласност со интересите на слушателите и потребите на пазарот на трудот. Овој проект во својата суштина го има дуалниот образовен систем, преку чија што апликација континуирано ќе се обезбедува квалитетна пракса за слушателите на курсеви.