Заварувачкиот занает претставува правец во кариерата која нуди огромен избор за работа во различни индустрии. Побарувачката за квалификувани заварувачи е висока. Зошто да не бидете и Вие дел од нив?!
По завршување на обуката ќе бидете квалификувани да работите како професионален заварувач во различни индустрии. Ние сме тука за ВАС. Дозволете да Ви го олесниме патот кон посакуваниот успех!
Направете го првиот чекор и пријавете се за оваа обука. Другото е наша грижа.
Опис на програмата
Главната цел на програмата е организирано образование, едукација, усовршување и оспособување на учесниците во програмата за самостојно, правилно и благовремено одлучување, постапување и квалитетно изведување на работните задачи во занимањето ТИГ (Аргон)Заварувач.
Теоретската настава се реализира во опремен кабинет со современи наставни помагала со кој учесниците во програмата се здобиваат со потребните знаења предвидени во содржината на тематските целини кои се составен дел од програмата.
Практичната настава се спроведува преку демонстрирање на употребата, како и практична примена на опремата, апаратите и уредите за ТИГ начин на заварување, во уреден работилнички простор за таа цел, обуки за запознавање, управување, ракување и одржување на опремата, апаратите и уредите за заварување.

Оценувањето на добиените знаења и вештини на учесниците во програмата се реализира преку одржување на испит. Испитот се состои од теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од тематските целини кои се составен дел на програмата за обука. Практичниот дел од испитот подразбира проверка на стекнатите знаења од ракување со опремата, апаратите и уредите за ТИГ начинот на заварување, во уреден работилнички простор за таа цел.
Програма ја спроведува тим на искусни инжињери и квалификувани заварувачи со минимум пет години работно искуство за бараната постапка за ТИГ(Аргон) Заварувач. По успешно спроведената програмата, лицата ќе се здобијат со сите потребни компетенции, вештини и знаења за извршување на работата ТИГ(Аргон) Заварувач.
По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат “ТИГ ЗАВАРУВАЧ“.
По завршување на обуката кандидатот е способен да:
- Го организира работното место;
- Ги мери и контролира со метро, подвижно мерило и аголни мерила;
- Применува прописи за заштита при работа;
- Ги продлабочи знаењата во функција на самостојно изведување на занимањето;
- Разликува постапки на заварување;
- Чита и анализира симболи на заварени врски;
- Користи опрема за гасно заварување и регулира пламен;
- Користи техничка документација;
- Заварува со примена на разни техники;
- Изведува различни завари со МАГ постапка на заварување според работниот налог: челни, преклопни, аголни, надворешни и Т аголни споеви без подготовка на жлебови за заварување;
- Изведува различни завари со ТИГ постапка на заварување според работниот налог: челни, преклопни, аголни надворешни и Т аголни споеви без подготовка на жлебови за заварување;
- Користи опрема за заварување и заштита при работа;
- Заварува разни завари на разнородни, истородни и обоени метали;
- Изработува едноставен бизнис-план.
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА
- МОДУЛ 1 – ТЕХНИЧКО ЦРТАЊЕ
- МОДУЛ 2- ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТАТА НА ЗАВАРУВАЧОТ
- МОДУЛ 3- ОПРЕМА ЗА ЗАВАРУВАЊЕ
- МОДУЛ 4- МАТЕРИЈАЛИ ЗА ЗАВАРУВАЊЕ И ПОДГОТОВКА
- МОДУЛ 5- ГАСНО ЗАВАРУВАЊЕ
- МОДУЛ 6- РАЧНО ЕЛКТРОЛАЧНО (РЕЛ) ЗАВАРУВАЊЕ
- МОДУЛ 7- МАГ ЗАВАРУВАЊЕ ВО ЗАШТИТНА АТМОСФЕРА НА CО2 /МИГ ЗАВАРУВАЊЕ ВО ЗАШТИТНА АТМОСФЕРА НА АРГОН AR
- МОДУЛ 8- ЗАВАРУВАЊЕ СО НЕТОПЛИВА ЕЛЕКТРОДА ВО ЗАШТИТНА АТМОСФЕРА НА ИНЕРТЕН ГАС (АРГОН) – ТИГ ПОСТАПКА
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА
- За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како ТИГ (АРГОН) ЗАВАРУВАЧ;
- За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање;
- За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
- За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата;
ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА
- Времетраењето на програмата 2 месеци по договор според утврдена динамика.
- Почеток на обуката: Веднаш по формирање на група.
- Каде: Во просториите на Академија ЦЕС
СЕРТИФИКАТ

Кандидатите, кои успешно ќе го завршат курсот добиваат сертификат за стекнати знаења, вештини, способности и компетенции за професијата Аргон заварувач.
Сертификатот има статус на државна диплома – признаена во земјата и во странство.
Разлика помеѓу државен сертификат и сертификат од фирма
Со државен сертификат можеш:
- Да се вработиш како квалификувана Аргон заварувач
- Можеш да отвориш сопсвен бизнис со лиценциран признаен сертификат
- Да учиш по програма одобена според сите државни образовни стандарди
- Нема да те прогонуваат инспекции, бидејќи ќе имаш лиценца за работа
Со сертификат од фирма
- Неможеш да се вработиш како Аргон заварувач – бидејќи немаш соодветна лиценца
- Добиваш сертификат само со печат од фирмата
- Неможеш да отвориш сопствен бизнис бидејки немаш соодветна лиценца
- Учиш по програма која не е одобрена од институција туку од некој кој сам ја напишал и пред се не е верификувана од надлежни институции.
- Ке имаш проблем со инспекција- бидејќи немаш лиценца за работа
- Сето тоа ќе резултира со губење време и насочување на паричните средства на несоодветно место, а времето ни е најдрагоцено нешто
ГАЛЕРИЈА
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА
Сподели ја обуката:
ОСТАНАТИ ОБУКИ
Обука за естетичар за нокти
Програмата “ЕСТЕТИЧАР ЗА НОКТИ – ДЕКОРАТИВЕН МАНИКИР ” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката.







