Програмата „МАСЕР ЗА КОЗМЕТИЧКА МАСАЖА” е насочена кон стручно оспособување на учесниците за самостојно извршување работни задачи масер за тело во козметички салон. Стекнатите вештини ќе им помогнат на кандидатите полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Структурата на програмата е следна:
*стручно-теоретски дел,
*практична обука и
*проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).

Времетраење на програмата е 4 недели
- Стручно-теретскиот дел од обуката ќе се реализира во училница-кабинет, опремен според правилникот за стандардите за просторот и опрема. Теоретскиот дел од обуката ќе го реализира наставен кадар со завршени студии по медицина.
- Практичниот дел од обуката ќе се реализира во козметички салони. Практичниот дел од обуката ќе го реализира лице со долгогодишно работно искуство.
Третиот дел од програмата е проверка на постигањата на кандидатите или завршниот испит.
- По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да:
- организира простор и работа во салонот,
- применува санитарно технички норми за спроведување на оваа дејност,
- подготвува работно место и клиент за третман,
- спроведува третмани на масажа на тело,
- спроведува мерки за заштита на работна и животна средина,
- комуницира, соработува во тим,
- учи доживотно и се усовршува.

Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката.
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична работа и на завршниот испит..
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се здобива со сертификат за „МАСЕР ЗА КОЗМЕТИЧКА МАСАЖА”.
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА
- МОДУЛ 1 –ОСНОВИ НА АНАТОМИЈА
- МОДУЛ 2- СРЕДСТВА ЗА МАСАЖА
- МОДУЛ 3- ТЕХНИКИ НА КЛАСИЧНА МАСАЖА
- МОДУЛ 4- ТЕХНИКИ НА ЕСТЕТСКА МАСАЖА
- МОДУЛ 5- ТЕХНИКИ НА АНТИЦЕЛУЛИТНА МАСАЖА
- МОДУЛ 6- ТЕХНИКИ НА СПОРТСКА МАСАЖА
- МОДУЛ 7- ТЕХНИКИ СО ВУЛКАНСКИ КАМЕЊА
- МОДУЛ 8 – ТЕХНИКИ И ИЗВЕДУВАЊЕ НА БИОСТИМУЛАЦИЈА, БОДИВРАПИНГ И ЛИМФНА ДРЕНАЖА
- МОДУЛ 9- ДЕТОСКИКАЦИЈА ЗАТЕГНУВАЊЕ, МАЗНЕЊЕ НА КОЖАТА
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА
- За сите оние кои сакаат да градат кариера во областа на козметичката индустрија
- Невработени лица кои сакаат да се квалификуваат за професија “Масер за козметичка масажа“
- Сите останати кои се незадоволни од досегашната своја квалификација и сакаат промена “ нова струка” а со тоа и можност за нова или дополнителна работа
Потребни предзнаења
Не е потребно – само воља и желба за лична промена и личен напредок
ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА
Локација: Во просториите на Академија ЦЕС
СЕРТИФИКАТ

СЕРТИФИКАТ

Кандидатите, кои успешно ќе го завршат курсот добиваат сертификат за стекнати знаења, вештини, способности и компетенции за професијата МАСЕР ЗА КОЗМЕТИЧКА МАСАЖА
Сертификатот има статус на државна диплома – признаена во земјата и во странство.
Разлика помеѓу државен сертификат и сертификат од фирма
Со државен сертификат можеш:
- Да се вработиш како квалификуван масер за козметичка масажа
- Можеш да отвориш сопсвен бизнис со лиценциран признаен сертификат
- Да учиш по програма одобена според сите државни образовни стандарди
- Нема да те прогонуваат инспекции, бидејќи ќе имаш лиценца за работа
Со сертификат од фирма
- Неможеш да се вработиш како масер – бидејќи немаш соодветна лиценца
- Добиваш сертификат само со печат од фирмата
- Неможеш да отвориш сопствен бизнис бидејки немаш соодветна лиценца
- Учиш по програма која не е одобрена од институција туку од некој кој сам ја напишал и пред се не е верификувана од надлежни институции.
- Ке имаш проблем со инспекција- бидејќи немаш лиценца за работа
- Сето тоа ќе резултира со губење време и насочување на паричните средства на несоодветно место, а времето ни е најдрагоцено нешто
ГАЛЕРИЈА
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА
Сподели ја обуката:
ОСТАНАТИ ОБУКИ
Обука за естетичар за нокти
Програмата “ЕСТЕТИЧАР ЗА НОКТИ – ДЕКОРАТИВЕН МАНИКИР ” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката.







