Грижата за старите лица претставува исполнување на посебните потреби и барања кои се единстваени за оние на кои им се потребни. Овој широк поим ги опфаќа услугите како што седневна нега, долготрајна нега, нега во старечки домови, како и домашна нега. Поради големата разновидност на грижа за стари лица како и разликите во културните перспективи луѓето коишто се одговорни за тоа занимање треба да се трпеливи, полни со разбирање, љубов и посветеност затоа што ова занимање е едно од најсензитивните.
Негата на старите лица ја нагласува нивната социјална и лична потреба за помош во секојдневните активности и здравствената заштита, како и живот со достоинство. Ако сте хумана личност и сакате да направите некој да се почувствува сакано, згрижено и да исполните нечие срце со топлина и внимание, тогаш оваа обука ќе Ви помогне да станете уште поголем хуманист и голем човек.
Дозволете на професионалци да се погрижат за Вас и да ви ја дадат потребната обука преку која ќе ја преточите таа Ваша хуманост во вештини со кои ќе дадете среќа на оние на кои највеќе им е потребна.
Направете го првиот чекор и пријавете се за оваа обука. Другото е наша грижа.

Со оспособување за нега на стари лица кандидатите стекнуваат знаења и вештни во пружање прва помош и нега на стари или болни лица во вид на:
- одржување лична хигиена (капење и пресоблекување),
- помош при исхрана,
- физички активности, движење и подигнување на лицата за кои се грижат,
- специфични потреби на старите лица,
- помош во дневното распоредување и примена на лекови,
- преглед и нега на кожата за превенција на развој на декубитис,
- комуникација со лица кои патат од деменција.
Опис на програмата
По завршување на обуката кандидатот е способен да:
- Планира, подготвува и организира работа, самостојно, во тим и под надзор на надлежно стручно лице во здравствени и социјални установи и во домашни услови, каде престојуват стари и немоќни лица;
- Извршува работи и работни задачи во согласност со етичките норми и методи за комуникација со стари и немоќни лица;
- Познава, разбира и применува основни медицински знаења и стекнати вештини за базична нега на стари и немоќни лица;
- Воочува и следи елементарни психофизички промени;
- Користи медицински и ергономски принципи во дневните активности;
- Овозможува психолошка и социјална поддршка на стари и немоќни лица;
- Познава, разбира и применува основни знаења за услугата помош и нега во домашни услови и поддршка во секојдневните активности на стари и немоќни лица;
- Користи одредени методи и техники за спроведување на лична хигиена и природна исхрана на стари и немоќни лица;
- Подготвува материјал и применува техники за местење и менување на постела и облека на стари и немоќни лица;
- Изведува манипулација при физиолошка потреба на неподвижни стари лица и применува постапки за правилено користење на садови при истата;
- Пприменува вештини за работа во тим, комуникација и проактивен пристап во пружањето на услугата;
- Оодржува хигиена и уредност на околината, спречува инфекции (врши дезинфекција и стерилизација);
- Се грижи за квалитет и квантитет на извршената работа;
- Се грижи за безбедноста и здравјето при работа и за заштита на околината.
НАСМЕВКАТА НА НЕЧИЕ ЛИЦЕ ЗНАЧИ СРЕЌА!
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА
- МОДУЛ 1 – ПОМОШ ПРИ ОДРЖУВАЊЕ НА ДОМОТ
- МОДУЛ 2- ПОМОШ И ПОДДРШКА ВО ИЗВРШУВАЊЕ НА ДНЕВНИТЕ АКТИВНОСТИ НА СТАРИ ЛИЦА
- МОДУЛ 3- ПРИМЕНА НА ОСНОВНИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРАВИЛА И ПРОЦЕДУРИ КАЈ СТАРИ ЛИЦА
- МОДУЛ 4- СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА И ПСИХО-СОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА НА СТАРИТЕ ЛИЦА
- МОДУЛ 5- ОДРЖЛИВОСТ ВО ДОМОВИ
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА
- За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како негователи на стари лица;
- За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање;
- За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
- За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата;
ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА
- Почеток на обуката: Веднаш по формирање на група.
- Каде: Во просториите на Акедемија ЦЕС.
СЕРТИФИКАТ

Кандидатите, кои успешно ќе го завршат курсот добиваат сертификат за стекнати знаења, вештини, способности и компетенции за професијата Негувател-ка на стари и немоќни лица.
Сертификатот има статус на државна диплома – признаена во земјата и во странство.
Разлика помеѓу државен сертификат и сертификат од фирма
Со државен сертификат можеш:
- Да се вработиш како квалификувана негувател-ка на стари и немоќни лица
- Можеш да отвориш сопсвен бизнис со лиценциран признаен сертификат
- Да учиш по програма одобена според сите државни образовни стандарди
- Нема да те прогонуваат инспекции, бидејќи ќе имаш лиценца за работа
Со сертификат од фирма
- Неможеш да се вработиш како Негувател-ка на стари и немоќни лица – бидејќи немаш соодветна лиценца
- Добиваш сертификат само со печат од фирмата
- Неможеш да отвориш сопствен бизнис бидејки немаш соодветна лиценца
- Учиш по програма која не е одобрена од институција туку од некој кој сам ја напишал и пред се не е верификувана од надлежни институции.
- Ке имаш проблем со инспекција- бидејќи немаш лиценца за работа
- Сето тоа ќе резултира со губење време и насочување на паричните средства на несоодветно место, а времето ни е најдрагоцено нешто
ГАЛЕРИЈА
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА
Сподели ја обуката:
ОСТАНАТИ ОБУКИ
Обука за естетичар за нокти
Програмата “ЕСТЕТИЧАР ЗА НОКТИ – ДЕКОРАТИВЕН МАНИКИР ” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката.







