Без разлика дали свесно или несвесно, од почетокот па до крајот на нашите животи – ние постојано продаваме. Некој продава производи, друг продава услуги, меѓутоа сите ги продаваме нашите идеи трудејќи се да ги убедиме луѓето во нашата околина да размислуваат и делуваат исто како и ние.
Продавачите се создаваат преку работа и учење. Кога ќе му кажеме на некого дека е роден трговец тогаш мислиме дека има само талент. Сепак талентот е само 5-10% од успехот. Се останато е труд и работа. Ова укажува на фактот дека секое лице што има голема желба да стане успешен продавач тоа ќе го стори со вежбање и постојано напредување.
Нашата обука за Продавач на мешовита роба ќе Ви помогне за да станете тој успешен трговец којшто ќе ги научи сите детали околу продажбата и ќе биде успешен во својата работа. Дозволете ни да Ви помогнеме да ја развиете вашата самодоверба, да имате моќ да продадете што сакате и на кого сакате и да заработувате од тоа. Бидете поразлични од другите, бидете тој кој сите ќе го препознаваат и ќе има свој печат во трговијата и продавањето. Изградете кариера којашто може да Ве однесе далеку.
ЗАРАБОТЕТЕ ОДЛИЧНО И ТОА САМО СО НАСМЕВКА И САМОДОВЕРБА!
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА
Опис на програмата
- Запознавање со работа во трговија;
- Видови роба;
- Сортирање на роба;
- Аранжирање роба на рафтови;
- Услужување и грижа за купувачи;
- Тимска работа.
По завршување на обуката кандидатите се способни да:
- Ја планира и подготвува сопствената работа ;
- Рационално ја користи енергијата, материјалите и времето ;
- Води грижа за квалитетот на извршените работи и услуги и одговара за нив
- Комуницира со соработниците, стручните служби и со клиентите;
- Користи соодветни информациско-комуникациски средства ;
- Води грижа за безбедност и заштита при работа и заштита на животната средина ;
- Води грижа за заштита на личните податоци на купувачите;
- Постапува според Законот за заштита на потрошувачите ;
- Развива претприемачки квалитети, вештини и однесување ;
- Организира настани во продавницата за да го зголеми интересот на купувачите (дегустација, демонстрација и др.);
- Надгледува залихи и асортиман на стоките;
- Презема производи;
- Подготвува стоки за продажба ;
- Продава стоки;
- Врши благајнички работи ;
- Учествува во пописот на залихите ;
- Континуирано професионално се развива .
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА
- За лица кои сакаат да бидат продавачи
- За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат
- За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА
- Локација: Во просториите на Академија ЦЕС и во компанија за практична работа
- Дата на почеток-веднаш по оформување на група
СЕРТИФИКАТ
Кандидатите, кои успешно ќе ја завршат обуката добиваат сертификат за стекнати знаења, вештини, способности и компетенции за професијата Продавач на мешовита роба.
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА
Сподели ја обуката:
ОСТАНАТИ ОБУКИ
Обука за естетичар за нокти
Програмата “ЕСТЕТИЧАР ЗА НОКТИ – ДЕКОРАТИВЕН МАНИКИР ” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката.




